ВИДЕО – Атмосфера во Лондон пред финалето – сефте за Англија или втора титула за Италија?

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Англија и Италија вечерва на „Вембли“ ќе го одиграат финалето на Европското првенство.

Натпреварот е со почеток од 21 часот.

Англичаните конечно дочекаа нивната репрезентација да се најде во едно големо финале и сега се убедени дека трофејот „ќе си дојде дома“.

Дека ова е еден од најдобрите натпревари во историјата на англискиот фудбал доволно покажуваат сцените од Лондон на неколку часа пред натпреварот со илјадници домашни навивачи кои започнаа да се собираат пред стадионот.

Англија ќе има огромна поддршка на Вембли бидејќи на Италијанските навивачи им е забранет влез во Велика Британија поради правилата за коронавирус.

За Италија ова е 10-то финале на големите натпреварувања. Италија ја освои европската титула во 1968, но ги изгуби следните две финалиња, во 2000 и во 2012 година, првото од Франција, второто од Шпанија.

Сигурно е дека денеска не очекува вистински спектакл, а останува да се види кој на крајот ќе ја освои титулата наменета за најдобрата селекција во Европа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира