ВИДЕО- Бојкоски: Возење велосипеди, бесплатен градски превоз, ноќна трка на 5 км. се само дел од активностите за Неделата на мобилност

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Утре го имаме настанот „Критична маса“, тоа подразбира возење велосипеди, а потоа ќе имаме и проекција на еден интересен филм овде на плоштадот кај Камената бина. Во четврток активности имаат ЈП за ПУП, односно градскиот превоз ќе вози бесплатно, а учениците од „Ристе Ристески – Ричко“ ќе им делат мотивациски флаери на патниците, ова се само дел од настаните кои ќе се случат во Прилеп по повод Европската недела на мобилност.

„Во петок на 19-ти имаме ноќна трка на 5 километри, градските улици и булеварот ќе бидат затворени од 18 до 22 часот. Во саботата активностите ги преземаат сообраќајното одделение од ПС Прилеп со учениците и волонтерите од училиштето „Ристе Ристески – Ричко“, ќе запираат автомобили низ градот и ќе делат мотивациски флаери со интересна содржина.

Во неделата го имаме можеби најинтересниот настан, ќе се одржи традиционалното „Сите на велосипед“. Годинава требаше да се одржи на 24 мај, но имаше невреме и сега му дојде времето да се случи тоа. Последниот ден, во понеделник е ден без автомобили, булеварот ќе биде затворен цел ден и тука граѓаните ќе можат да присуствуваат на голем број активности од разни спортски здруженија, училишни спортски сојузи и федерации итн.

Јас сум среќен што дене тука се присутни поголемиот дел од организаторите на овие настани што пред малку ги спомнав и ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам за помошта и за енергијата која ја вложуваат да го организираме овој настан“, истакна Гоце Бојкоски, координатор на настаните по повод Европската недела на мобилност во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми