Ја побаравме поддршката од граѓаните на општина Долнени и можеме да кажиме дека овој пат излегуваме со најголема програма поддржана од граѓаните, затоа што сметаме дека во наредниот период, не само улици туку и патишта, предвидени се асфалтирање на некаде околу 50 километри улици низ населените места и поврзување на населените места. Најголемите горчливи проблеми сега ни е патот од село Дупјачани од Дреновци во должина од 3 километри, патот од Дупјачани до село Десово и најгрочливиот проблем е патот од „стара воденица“ до населеното место Долнени, каде ни е и самата Општина, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на општина Долнени од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Велјановски.
„Општината Долнени сега во моментов е во најзапоставена ситуација, затоа што сега е руинирана зградата и администрацијата во моментот работи во село Ропотово, наместо во населеното место Долнени каде што и е местото.
Предложуваме изградба на водоводи, затоа што нашите села се сеуште запоставени и не водата, запоставена е и комуналната хигиена. Веќе последните 2-3 месеци не функционира ни комуналното претпријатие. Полека се појавуваат и дивите депонии, затоа што населението не може само да се справи и во секое село сега веќе се појавуваат депониите. Покрај дивите депонии, можам да спомнам и за централните 2 депонии кои ги имаме, никој не води ни за нив грижа.
Значи во нашата обемна програма, што овој пат гарантираме заедно со владата на Република Македонија, предовдена од премиерот Христијан Мицкоски дека општина Долнени, доколку ја добијам поддршката и бидам избран за градоначалник дека целата програма ќе биде исполнета во целост и граѓаните ќе почувствуваат благодет од Општината, а не сега не ни чувствуваат дека ние имаме Општина“, истакна Велјановски.