Со организирање на 83-тата по ред „Критична маса“ во Прилеп започна да се одбележува Европската недела на мобилност. Критична маса е настан кој започна да се организира во 2014 година. Секоја последна среда од месецот велосипедистите од Прилеп се собираа пред Камената бина од каде што тргнуваа низ прилепските улици, а целта беше да се покаже дека и точакот е превозно средство, не само автомобилите и дека треба да се подобри значително вело инфраструктурата во Прилеп. По пандемијата од 2021 година, малку се намалија активностите на иницијативата ПрилепНаТочак, но Критична маса опстои до денес. Прилеп за жал е град каде воопшто не се вложува во вело инфраструктура во последните години.

„Апел до институциите да посветат напори во следните години на инвестирање во инфраструктура да биде вело инфраструктурата во предност во односна таа за автомобили. Да се вложува во пешачки зони, јавен транспорт, автомобилите малку да ги запоставиме. Улиците во Прилеп се дизајнирани за автомобили како што бил градот пред 30 или 40 години. А сега имаме активни околу 23.000 автомобили кои се движат по нашите улици, затоа ни треба целосно редизајнирање на сообраќајниот систем со кој ќе имаме акцент на велосипеди, пешачење, јавен транспорт, а помалку автомобили“, кажа Даме Димески, иницијатива ПрилепНаТочак.
Утре / во четврток се градскиот превоз ќе вози / возеше бесплатно, а учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ им делеат мотивациски флаери на патниците.
„Во петок на 19-ти имаме ноќна трка на 5 километри, градските улици и булеварот ќе бидат затворени од 18 до 22 часот. Во саботата активностите ги преземаат сообраќајното одделение од ПС Прилеп со учениците и волонтерите од училиштето „Ристе Ристески – Ричко“, ќе запираат автомобили низ градот и ќе делат мотивациски флаери со интересна содржина. Во неделата го имаме можеби најинтересниот настан, ќе се одржи традиционалното „Сите на велосипед“, изјави Гоце Бојкоски, координатор на настаните по повод Европската недела на мобилност во Прилеп.
„Општина Прилеп активно зема учество и се приклучува на европските градови кои ја промовираат одржливата урбана мобилност за чиста животна средина и здрав живот и начин на живеење, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Инаку странски експерти помагаат за изработка на Планот за урбана мобилност на Прилеп.
„Се гради според постоечки планови и пракси и ги зема во обзир интеграцијата, учеството и евалуацијата. Развива долгорочни стратегии за транспорт, дефинирајќи јасни цели. Цели кон подобра пристапност и квалитет на живот и средина. Главниот фокус на Планот е подобра пристапност и квалитет на живот, ги интегрира сите начини на транспорт, не само автомобилите, туку главно активните начини како велосипеди. Комбинација е од инфраструктура, регулација на пазарот, како и политики за промоција. Претставува план за краток и среден временски период, втемелен во долгорочна визија и стратегија“, кажа Тито Стефанели од Италија, дел од тимот кој го изработува планот за урбана мобилност на Прилеп.
„Сакам да појаснам дека овој План се работи преку Министерството за транспорт и врски, проект за поврзување на локалните патишта кој е финансиран од Светска банка. Како една компонента од целиот овој проект е изработка на планови за одржлива урбана мобилност, рече Винета Иваноска, раководител на ЛЕР Прилеп.
Во одбележувањето на Европската недела на мобилност се приклучија голем број спортски здруженија од Прилеп како и Сојузот на училишен спорт.
„Ова значи дека ние со голем број на ученици активно влегуваме во сите овие настани во цела оваа недела, практично голем дел од нашите ученици се промотори на спортовите кои што ќе се случуваат во понеделник на булеварот тука. Масовно учество земаат нашите ученици и од основните и од средните училишта заедно со своите родители и пријатели на манифестацијата „Сите на велосипед“ која што е во недела, на ноќната трка и на сите други настани кои се во текот на оваа недела“, вели Здравко Ристески, Сојуз на училишен спорт – Прилеп.
„Како здружение на извидници ќе бидеме присутни на денот без автомобили кој ќе се одржи во понеделник и целта која ние сакаме да ја постигнеме со учеството на тој настан е да промовираме здрав начин на живот“, истакна Александра Стојаноска, Извиднички одред Феникс Прилеп.
„Ја користам оваа прилика да ги поканам сите граѓани на Прилеп да земат учество во недела, на големиот христијански празник Богородица, по 19 пат ја организираме манифестацијата „Сите на Велосипед“ во соработка со Сојузот на училишен спорт, во соработка со полициското одделение од нашиот град, истакна Драган Димитриоски, претседател на велосипедски клуб „Илинден“.
Како дел од Критичната маса на Камената бина се одржа и презентација на филм, преку прожектор кој се напојуваше од енергија преку вртење на велосипед.
„Денеска тука имаме вело кино каде што ќе пробаме со помош на велосипеди да произведеме струја, и со таа струја да прожектираме еден македонски филм. Така што ете неколку културни настани врзавме за да ја подигнеме малку културата во Прилеп и тоа нема да биде прв настан, идејата е да има 5 вакви настани со финализација во јуни 2026“, истакна Дејан Василески, менаџер за зелена култура од GO GREEN.
Инаку велосипедот претставува начин на транспорт, а не е само спорт или забава.
„На трката која беше на 10 км. јас бев пријавен, но од пријавувањето до трката падна и ја скршив раката. Зошто паднав, затоа што избегнував кола која беше паркирана на тротоар која беше поставена во центар на град на 200 км од Центарот за култура. Ја заобиколував колата што стоеше на тротоарот и падна во дупка. Ја скршив раката, ја скршив количката, знаменцето, но ги сменив нив. Многу е лошо, јас секако не одам да бидам прво место, ќе бидам последно место, но сакам да има место за сите, за автомобилите, за пешаците, за велосипедистите. За сите“, вели Васил Танески, учесник на 83-тата „Критична маса“.
Во текот на 2024 година GO GREEN изработија правилник за вело инфраструктура кој правилник во моментов е во Министерството за транспорт и врски и истиот треба да биде одобрен и да стане активен од сите јавни институции.