Во пресрет од 70 годишнината од постоењето на Витаминка А.Д. Прилеп, во партнерски однос со Општина Прилеп на наше големо задоволство оваа година се вклучуваме во креирање на една ново празнична програма во нашиот град за која верувам дека со нетрпение ја очекуваат нашите граѓани, истакна Орде Ѓорѓиоски директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка Прилеп.
„Она што нашата компанија ќе го обезбеди оваа година е поставување на 7 дрвени типизирани куќарки на која што ќе биде послужена храна, ќе има можност да се послужат граѓаните исто така и со пијалок. А ќе има и понуда на ракотворби. Ќе има и дополнителни содржи. Нашата компанија ќе партиципира и во забавниот дел на бината за сите 8 празнични денови.
Бидејќи станува збор за Новогодишна празнична приказна секако дека Витаминка ќе ги заслади празничните денови како и секогаш, на понуда ќе има и бесплатни наши производи, ќе има секако можност и за фотографирање со Дедо Мраз, ќе се доделуваат и колетчиња, ќе има можност и да се купат производи, така што да оставиме малку и да имаме некои изненадувања“, додаде Ѓорѓиоски.