ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Анѓушев отвори фабрика дело на ВМРО-ДПМНЕ, а „Еурокомпозит” го остави без плати!

Денес во оваа индустриска зона, која сопартијците на Кочо Анѓушев, Горан Сугарески и Зоран Заев ја нарекуваа зелена ливада почнува да работи новата германска инвестиција “АКОМПЛАСТ” и без никаков срам, како и во Струмица и Струга, Кочо Анѓушев оди да ги отвара инвестициите што ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Македонија. Истакнаа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Наместо да ги видеме Самка Ибраимоски, Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко со нов инвеститор овде, ние ќе присуствуваме на парадата на тие што за 110 дена ја задолжија РМ со нови 410 мил евра!

 

Тие што избркаа 3 инвеститори за 110 дена од РМ, тие што ќе ги кратат субвенциите, пензиите и платите…

 

Добро е Кочо Анѓушев заедно со Сугарески да отидат во Еурокомпозит и да им ги исплатат ветените плати на вработените, а не да им се закануваат на синдикалците да не штрајкуваат.

 

Ништо од тие ветени плати. Им посакуваме успех во работата на Акомпласт, брз напредок во градбата на ВИК и многу нови работни места во оваа индустриска зона, дело на ВМРО-ДПМНЕ“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира