ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Капитални проекти на ЈКП „Водовод и канализација” во изминативе 12 години

За време на ВМРО-ДПМНЕ беа инвестирани 14 милиони евра инвестиции на ЈКП „Водовод и канализација“. Во текот на овие 12 години ЈКП „Водовод и Канализација“ доживеа вистинска трансформација во едно модерно јавно претпријатие кое докажа дека може да се носи со сите предизвици во реализацијата на досега најкапиталните и историски проекти за Прилеп. Истакнаа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Овие проекти трајно ја променија и подобрија сликата околу водоснабдувањето на градот и изградбата на нови канализациони системи.

 

Еден од најголемите проекти кои се реализираа во Прилеп околу водоснабдувањето е секако замената на околу 40 км. нова водоводна мрежа во градот, преку грантот на германската КФБ банка со што се реши еден децениски проблем на прилепчани. Проектот се реализираше во 2 фази, од 2006 до 2010 година, а инвестицијата изнесуваше 9,1 милиони евра, од кои 1 милион евра беа обезбедени како средства од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Освен замената на водоводната мрежа со овој проект се реализираше и

изградба на нова административна зграда на Водовод, се набави копач (багер) и додатоци, опрема, алати и облека, возила за одржување, материјали за поправка на мрежата… и друго.

 

Како голема и значајна капитална инвестиција во периодот од 2009 до 2013 година беше изградбата на 10-те нови бунари во месноста Бегова ливада, инвестиција од околу 62.269.374 денари, пари обезбедени од сопствени средства и средства на Владата на РМ предводена од ВМРО –ДПМНЕ.

 

Од февруари 2012 година во просториите на Водомерната работилница е пуштен во употреба нов апарат марка ЦМЦ наменет за верификација на водомери.

Во периодот од 2010/11 година набавена е цистерна во висина од 10.615.752 денари за потребите на одделението канализација.

 

Во периодот од 2011-2016 година е изградена нова водоводна мрежа долга 40 км, со сопствени средства, инвестиција околу 900.000 евра, а изградивме и канализациони линии во должина од 2 км, инвестиција од 4.695.576 денари или околу 76.000 евра.

 

Во период од 2013 до 2014 година се реализираа следните проекти :

– Се изврши реконструкција на водоводната мрежа на улиците : „Селечка Планина“, „Бистра

Планина“, „Савска“, с. М.Коњари, „Осоговска“, „Трајко Николоски“, „Круме Волнароски“, „Димо Наредникот“ и многу други.

– Се изработи елаборат за режим на работата на Вештачото езеро на град Прилеп

-Се изработи основен проект за санација на ободен канал Маркови кули

Во 2015 година се реализираа следните проекти :

– Се изгради водоводна мрежа во : с. Старо Лагово, Млекара, улиците „Ѓорѓи Сугарев“, „Трајко Николоски“, „Димо Наредникот“, „Васко Карангелески-Илка Присаѓанка“…

 

Се на се’ во периодот од 2009 до 2016 година реализирани се проекти приближно во висина од 2.121.984 евра од сопствени средства на ЈКП Водовод и Канализација ПРИЛЕП. Или севкупно за овие 12 години ЈКП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ ПРИЛЕП има инвестирано околу 14 милиони евра, средства од различни извори.

 

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп е вистински пример како треба да функционира едно јавно претпријатие и тоа едно од најдобрите јавни водоводни претпријатија на ниво на Македонија. Толку капитални проекти реализирани со над 80 % сопствени средства ретко кое друго јавно претпријатие ги има направено.

 

Од 2017 до 2021 година ЈКП „Водовод и канализација“ ќе реализира голем број на проекти со кои Прилеп ќе биде еден од ретките градови во Македонија кој ќе има имплементирано свој систем на третман на отпадните води кој е од историско значење за нашиот град.

 

После реконструкцијата на водоводната мрежа и канализационите системи со

пречистителната станица Прилеп ќе прерасне во еден од најдобрите инфраструктурно уредени градови во Македонија и на Балканот, со висок степен на заштита, а со тоа ќе се реши повеќе деценискиот проблем на прилепчани“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира