ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Нема плати за „Еурокомпозит“, штрајкот задушен со закани

Хаосот во Еурокомпозит со доаѓањето на оваа Влада продолжува! Вработените се уште ги очекуваат ветените 3 плати за 45 дена, но поминаа 100 дена и ништо од ветувањето. Рекоа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Преговорите со Владата и министерот Кочо Анѓушев биле само обид проблемот да се заташка. Најлошото е тоа што според наши извори ускратено им е правото на штрајк, a синдикатот не смее да дава изјави.

 

Вработените ги бараат ветените 3 плати од Анѓушев. Скандал од невидени размери е тоа што министерот Кочо Анѓушев ги заборави ветувањата дадени пред вработените на Еурокомпозит , но не заборави да си додели преку државната ЕЛЕМ тендер во износ од 2.6 милиони евра на фирмата „Фероинвест“ која е во негова сопственост.

 

Ги повикуваме надлежните да ги исполнат своите ветувања. За несериозниот однос кон оваа фирма , одговорот од вработените оваа Влада ќе го добие на 15 октомври“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира