ВИДЕО- Водици на Плетварско езеро – најуникатниот настан на одбележување на Богојавление во Македонија

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


И оваа година по 6-ти пат ќе се одбележи празникот Богојавление или Водици со влегување во осветените води на Плетварското езеро кај Прилеп. Тука нема фрлање по крстот туку сите верници кои присуствуваат влегуваат еден по еден во осветените води на езерото. Иницијативата започна за време на ковид пандемијата и ограничувањата за движење, а потоа секоја година се повеќе и повеќе се омасовуваше и добиваше на популарност кај граѓаните. Така што сега овој настан е познат насекаде низ Македонија и тука доаѓаат верници не само од Прилеп туку и од другите градови кои сакаат да бидат дел од овон настан. Антонио Гически еден од организаторите на настанот од самито негов почеток се потсетува како започна целата оваа уникатна манигестација на група спортисти ентузијасти.

Беше замислен како скромен влез на ентузијасти, спортисти и верници кои пред се сакаа да влезат во осветената вода и да ја почувствуваат на свој начин. Но самиот интерес на верниците и посетителите направи да овој настан еволуира и да премине во масовен собир. Без оглед на се, акцент се става на тоа што треба да биде најважно на овој ден, а тоа е самиот чин и влегувањето во осветената вода за свое лично духовно раѓање, здравје, среќа и благослов. Првата година влегувавме во води на замрзнато езеро од 15 сантиметри мраз, изработен во форма на крст, наредна година влегувавме во дрвен крст и при силен ветар. Најинтересен и највпечатлив влез беше пред неколку години кога влеговме пред изгрејсонце, во 5 часот, во потполна темница и минусни температури. Веднаш потоа наредните години беше крст украсен со зеленика“, изјави Антонио Гически, организатор на настанот.

Настанот секоја година има и свои кумови кои си го предаваат кумството. Организаторите и кумовите секоја година за сите присутни обезбедуваат по еден дрвен крст или маичка со натпист за овој празник за да имаат некој спомен од овој ден, а за сите присутни се обезбедени и топли напитоци како, чај, греена ракија и греено вино.

Чувството е прекрасно, ние сме лански кумови јас и Александар, оваа година има нови кумови. Ние ланската година поставивме свет крст, годинешните кумови поставија мал параклис, оваа година има осветување на параклисот. Чувството е прекрасно, ги повикувам сите верници да дојдат во Плетварското езеро да го одбележиме овој чин заедно“, вели Бојан Минчески, кум од претходната година.

Учесниците велат деТука нема фрлање по крстот туку сите верници кои присуствуваат влегуваат еден по еден во осветените води на езерото. ка влегувањето во овие осветени води на ваков начин е поразлично од скокањето по светиот крст и ги покануваат сите оние кои сакаат да бидат дел од ова чествување.

Пред се сакам да кажам дека за нас, особено за мене е голем благослов што сум домаќин на оваа манифестација и голем чест. Се надевам дека ќе има голем број на верници, за сите ќе има обезбедено топол чај, топла ракија, вино, а исто така имаме обезбедено и 300 крстови. Се надевам дека ќе помине се во најдобар ред, во 10 и 45 е осветувањето на малиот параклис и водите во Плетварското езеро. Јас минатата година за прв пат бев на оваа манифестација и влегов во водите и ми претставуваше едно чувство што секој би сакал да го проба и затоа и се пријавив да бидам домаќин оваа година. Им посакувам на сите кои се во можност да дојдат и да го пробаат тоа чувство“, истакна Никола Минчески, годинашемн кум на настанот.

Се замолуваат сите учесници за влез до езерото да го користат патот од селото Плетвар, а за излез да се користи патот преку селото Ореовец за да се избегнат непотребни гужви и застој во сообраќајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми