ВИДЕО- Во Крушево гласаат 255 болни и изнемоштени лица или 37 повеќе од првиот круг на изборите

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Денеска во Крушево гласаат 255 болни и изнемоштени лица или 37 повеќе од првиот круг на изборите. Инаку вкупниот број на избирачи е 7.768 кои гласаат на 23 избирачки места.

Денешното гласање е во добар ред, сега за сега немаме никакви пријави дека имало проблем на избирачко место. Избирачките одбори се спремни на терен да го извршат делот од избирачкиот процес“, рече Драгана Куртеска Филипоска, претседател на ОИК Крушево.

Избирачките одбори задолжени за болните и изнемоштените лица денеска ги посетуваа во домовите каде под строг надзор и правила се извршуваше процедурата за гласање.

Во нашето изборно место има запишано 34 болни, изборниот процес е веќе во тек, засега без неправилности“, кажа Милена Курета, претседател на ИО 1192 Крушево.

Оние болни кои не можеа само да гласаат гласаа со помош на некој од семејството. Граѓаните очекуваат пред се подобрување на економијата во Крушево.

Гласам и гласам за мојот сопруг на 75 години, болен е, срцев болесник со деменција и со моја помош гласа. Очекуваме се најдобро, да биде градот во подобра економска ситуација бидејќи многу сме запоставени со се, нема работа, младите ни бегаат. Ние старите им помагаме на младите, тие не се ситуирани, јас имам ќерка, тројца се без работа и сакам не сакам пензијата оди кај нив“, истакна Олга Чавкар, болно и изнемоштено лице.

 

Моментално јас бев како помош на моите свекор и свекрва кои се болни и изнемоштени. Го остварија своето право. Очекувам подобри проекти, вработувања и задржување на младите тука во Крушево, развој на туризмот и се најдобро“, изјави Виолета Божиноска, роднина на болни и изнемоштени лица.

Инаку Крушево во првиот круг од изборите беше една од општините со најголема излезеност во Македонија со 65,6%.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми