ВИДЕО- Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени преку проектот ТРАНСАКТ започна реализацијата на услугата „Mедицинска сестра во заедницата“, проект што за прв пат се имплементира не само во Македонија туку и на ниво на Западен Балкан. Веќе се ангажирани 8 медициски сестри и 2 психолози кои излегуваат на терен и посетуваат 20-тина социјално загрозени семејства. А целта е до крајот на проектот септември 2026 година да се опфатат над 500 лица.

Во моментов имаме ангажирани 8 медицински лица и 2 психолози кои ги посетуваат лицата во социјален ризик и изготвуваат индивидуален план и проценка и во сооднос на тоа медициската сестра секој ден ги посетува и им помага во следење на виталните функции, но и во земање на медицинска терапија, комуникација со матичниот лекар, закажување на термини за посеопфатни анализи и испитувања, се со цел овие лица да имаат подобра грижа“, изјави Марина Тошеска, Марина Тошеска, Центар за развој и едукација Прилеп.

Некаде во месец мај тимот треба да се докомплетира и тој ќе се состои од 10 медицински сестри и 5 стручни лица, како психолози, физиотерапевт, социјални работници.

„Услугата е целосно бесплатна, лицата може да се пријавуваат директно во просториите на Здружението на нашата меил адреса, ФБ страна, слободно може да не контактираат. Излегуваме на увид, вршиме индивидуален план и проценка, состојбата во семејството, но и грижата што е потребна за потенцијалниот корисник и потоа веќе медицинската сестра како услуга станува достапна за овие корисници“, додаде Тошеска.

Проектот се имплементира во соработка со Центарот за социјална работа од Прилеп. Инаку ова на еден начин е продожување на една претходна успепешна приказна, а тоа е  проектот „Помош и нега во домот“ кој по неговото завршување премина под државна капа.

„Сите оние кои не можеа да добијат услуга „Помош и нега во домот“, заради недостаток на негуватели, како добра практика сфативме дека можеме да ги вкрстиме и да му овозможиме на сите оние од листата на чекање, барем времено да добијат услуга „Медицинска сестра во заедницата“. И се надевам дека можеби како единствени, оваа услуга како нова, ќе премини и како законско решение доколку овој пилот проект се покаже како успешен“, потенцираше Зоран Малковски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Проектот е реализиран од Здружението Центар за развој и едукација Прилеп, а е финансиски поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми