ВИДЕО- Во просториите на Бимфоод започна виткањето на сармите за 20-тото по ред јубилејно празнување на градската слава Свети Никола

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во Прилеп годинава за 20-тото по ред јубилејно празнување на градската слава Свети Никола се врати традиционалното виткање на сарми од страна на прилепските домаќинки. Претходните години малите посни прилепски специјалитети ги подготвуваа кетеринг фирмите во Прилеп. Виткањето на малите посни сарми е составен дел на одбележувањето на овој ден. Вакви мали посни сарми има само во Прилеп и на ниту едно друго место. Како што велат прилепските домаќинки сармите се големи како едно нокте и се прават смао со по неколку зрна на ориз. А се јадат по неколку еден залак. Годинава домаќини се компаниите Матадор и Бимфоод каде годинава и се виткаа сармите.

Ние се спремаме како компании за оваа манифестација и чест и задоволство ни е да ги поканиме сите граѓани на Македонија, нашите сограѓани, деловните партнери и соработници да повелат да дојдат на 19 декември на плоштадот Методија Андонов – Ченто за заедно да го чествуваме овој голем верски празник, затоа што Свети Никола не е само светец, тој е симбол на љубовта, верата, соживотот, милостливоста, добрината и човештвото. Затоа заедно сплотени да бидеме и на овој празник“, истакна Рената Анческа Ацеска, претставник на компанијата Бимфуд.

Сармите ги виткаа 4 здруженија на жени, „Преродба“, „Китка“, „Мајка Традиција“ и „Орхидеја“.

Јас кога гледам олку бројна младина околу нас, пред нашите организации стари и по 20 години со возрасни жени што ја водат традицијата и што гледам дека овие млади сакаат да ја продолжат истата традиција, јас и сите ние жените, граѓаните на Прилеп сме горди што и понатаму ќе биде оваа традиција продолжена и што некој човек од власта, оваа традиција која се заборави, сега сака да се продолжи. Нешто да им кажеме на овие мали деца кои кога ќе си појдат дома и кога ќе кажат дека едни баби виткаа сарми, сакаме такви да ни виткате сарми“, рече Љубица Петреска, претседателка на здружение на жени „Мајка Традиција“.

Освен постарите членки во виткањето на сармите се вклучија и најмладите, децата од приватната градинка „Ројал кидс“.

Сармите не се само јадење, тие се симбол на заедништвото. Додека ги виткаме разговараме, се смееме и си помагаме едни на други. Така не учеа и нашите баби и дедовци, така ја чуваме традицијата. Свети Никола не учи да бидеме добри, скромни и да ја делиме радоста со сите околу нас. Нека ни е честита и благословена славата Свети Никола со многу љубов, здравје и мир во секој дом. Секако ги покануваме сите граѓани да дојдат во центарот на градот каде што ќе го чествуваме празникот“, рече Ника Стефанов, учесник на виткањето на сармите.

Инаку градската слава во Прилеп започна да се обележува во далечната 2006 година, а овој светител е избран за заштитник на Прилеп затоа што половината од граѓаните на Прилеп за своја куќна слава го имаат Свети Никола, а останатата половина им одат на гости тој ден. Во 2008 година со овие мали посни специјалитети Прилеп влезе и во Гинисовата книга на рекорди кога беа изработени 80.191 мала посна сарма или симболично по една за секој жител во тоа време колку што броеше општината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми