Во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп денеска се доделуваа сертификатите за успешно завршени мобилности од КА 1 програмата на Еразмус +. На настанот присуствуваше и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓорѓиевски, како и учениците и наставниците кои беа вклучени во мобилностите од проектот од програмата Еразмус+ „Надоградување на професионалните вештини“.
Цел на настанот е заокружување на активностите од овој проект со доделување на сертификатите за успешно завршените практични обуки на учениците од здравствената, текстилно-кожарскaта струка и струката лични услуги, квалификација фризери. Овој проект е еден од многуте кои нашето училиште неколку години наназад успешно ги реализира со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Успешноста ја вреднуваме според задоволството на генерациите ученици, учесници во различен вид на активности:практични, за меѓуучилишна соработка со кои се стекнаа со знаења, вештини, социјални, културолошки, мултикултурни компетенции кои им помагаат во учењето, а и во работата. Резултат на квалитетното реализирање на проектите е доделувањето на Erasmus VET mobility Charter, а минатата година и Акредитација од Националната агенција 2021-2027 година за европски образовни програми и мобилност што ни создава нови предизвици, за нови идеи и проекти. Нашите координатори поддржани од раководството на училиштето, амбициозните наставници и вредните ученици продолжуваат да го градат европскиот углед на СОУ „Ѓорче Петров“, потпирајќи се на Нашата Национална агенција која нуди многу програми со кои младите, а и сите генерации ќе се доближуваат до Европските земји преку образованието, науката, спортот, меѓународната соработка“, велат од СОУ „Ѓорќе Петров“.