Амбасадорите на Германија и Франција во Македонија, Анке Холштајн и Сирил Бомгартнер кои денеска во Прилеп и Битола, на германските и француските гробишта го одбележаа Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост не сакаа да ги коментираат вчерашните случувања во Македонија, обвинувањата за киднапирање на пратеници, ниту пак сакаа да го коментиераат очекувањет на францускиот претседател Макрон кој поставил датум за решавање на проблемот меѓу Бугарија и Македонија до 14 декември, а до 31 и отворање на преговорите за Македонија и Албанија.
„Тука ќе го кажеме истото тоа кое го кажавме и во Битола, а тоа е дека на овој ден јас и мојот франсцуски колега нема да ги коментираме случувањата кои е актулени тука во земјата, ние денес го одбележуваме Денот на народната жалост и се сеќаваме на жртвите на војната и насилството ширум светот. Нашиот поглед е насочен напред кон иднината за градење на мостови за една заедничка Европа во која што припаѓа и Република Северна Македонија“, истакна Анке Холштајн амабасадор на Германија во Македонија.
„Собрани бевме прво во Битола а сега и во Прилеп на комеморативни настани за одбележување на Примирјето од 1918 година и ќе кажам дека тука сме за да се потсетиме, но со заедничкото присуство на германската амбасадорка во Република Северна Македонија дојдени сме да упатиме порака на пријателство, на солидарност и на приближување на народите, а за другото како и мојата германска колешка немам повеќе коментар“, додаде Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Македонија.