ВИДЕО- Гордост е да се биде дел од Градскиот дувачки оркестар, своето деби ќе го имаме за Прочка

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


По пауза од 10 години Градскиот дувачки оркестар во Прилеп повторно е во функција. Во моментот е составен од 15-тина членови, но радува фактот што сите до еден се млади и музички образовани. Горди се што повторно Прилеп ќе има со што да се пофали на големиот број манифестации кои се одржуваат во градот. Дел од овие млади биле и во составот на Градскиот оркестар кој згаснал во 2015 година.

Ние бевме членови до последните изведувања на оркестарот, нашите почетоци беа во оркестарот, значи музичките води кога влегувавме ние свиревме во оркестарот, настапувавме дел сега што сме во оркестарот како Дарко Аврамоски, Љупче Богатиноски, Иле Јанчулески, внук на покоен Илија Јанчилески кој последно го водеше оркестарот на најдостојно ниво. Имавме и јубилеј 50 години кога правеше една музичка сцена, имавме традиционален концерт во Домот на култура „Марко Цепенков“. За жал, до 2015 година, а потоа некако замре оркестарот. Но по наша иницијатива, од повеќе музичари од градот, бидејќи нашиот град изобилува со многу талентирани музичари, така да со иницијатива на сите тие, како и поранешни членови на оркестарот, се здружеивме и имавме иницијатива за обнова на оркестарот“, кажа Бојан Митрески, член на Градскиот дувачки оркестар од Прилеп.

Своето деби ќе го имаат за дефилето за време на Карневалот Прочка на 22 февруари, а во моментов подготвуваат маршеви и композиции кои ги свират светски познатите оркестри.

 Почнуваме да работиме на некои понови маршови што се застапени во светските метрополи и парадна музика. Би биле во координација со Општината за да имаме повеќе дефилеа, културни настани, за сите државни празници, како порано што правеше оркестарот низ градот со музика и да правиме едноставно култура во градот“, додаде Митрески.

Според записите Прилеп имал Градски дувачки оркестар уште во 1909 година. А со текот на годините таа бројка стигнала дури до 3 големи оркестри, оној на Железницата, Монополот и Соколаната или фискултурната сала. Потоа сите три се здружуваат во еден.

Првенствено дувачкиот оркестар од Прилеп ќе се користи за државните празници за град Прилеп, сакаме да имаме и во план сме да имаме неколку концерти во Домот на културата. Значи нема да биде само како дувачки оркестар, туку сакаме малку да го направиме и како еден камерен оркестар, каде ќе вклучиме и бенд и да имаме тематски вечери, евергрин вечери, но тоа сето ќе биде заедно во договор со членовите на оркестарот“, потенцираше Дарко Аврамоски, член на Градскиот дувачки оркестар од Прилеп.

 

Честа е голема затоа што јас сум уште од мали нозе во овој оркестар, настапувам уште од основно училиште и се од прекинот, до крај бев член на оркестарот. Сега ова возобновување на оркестарот ми прави голема чест што сум тука, што настапувам. Заедно го бираме репертоарот, гледаме да биде нешто што се свири надвор во светот, а не само тука и да биде нешто што ќе биде светско, што ќе биде добро да се слуша и за поширока публика“, кажа Љупчо Богатиноски, член на Градскиот дувачки оркестар од Прилеп.

Градскиот дувачки оркестар во иднина има перспектива да стане уште еден од познатите прилепски брендови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми