ВИДЕО – Грашеска Илиеска: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Заради постоење основи за сомневање дека со склучувањето анекс на Договорот за јавна набавка од 27.03.2024 година со фирмата ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески направил повреда на законските одредби од Законот за јавни набавки, Општинската организација на СДСМ Прилеп против Јовчески поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“, изјави на денешната прес конференција Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Она што треба да се истакне, е дека услугата за која бил склучен анексот воопшто не била опфатена со Програмата за јавно осветлување на Советот на Општина Прилеп за 2024 година, со што градоначалникот Јовчески извршил фаворизирање на фирмата ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ.

Дополнително, спорниот анекс во висина од 998.614,00 денари бил склучен на 27.03.2024 година, односно за време на мандатот на преодната Влада, што значи дека постоела законска пречка за спроведување јавни набавки кои не биле внесени во Планот за јавни набавки.

Почитувани граѓани, советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп, подолго време укажуваше на низа неправилности во практикувањето на функцијата од страна на градоначалникот Борче Јовчески, на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија.

Сето тоа доби на интензитет со распишувањето на претстојните двојни избори и со паничниот обид на прилепските локални власти, спротивно на законите, со редица коруптивни договори да дојдат до глас повеќе.

Посочениот пример со потпишаниот анекс со ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ, заради кој градоначалникот Јовчески ја заработи кривичната пријава, е слика и прилика на криминалното и насилничко владеење на ДПМНЕ на секое ниво.

Отсекогаш така било, засекогаш така и ќе остане“, рече Грашеска Илиеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци