ВИДЕО- Две фамилии останаа без покрив над главата во Лажани по голем пожар

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Семејството Беќироски од долненското село Лажани остана без покрив над главата откако утринава околу 3 часот голем пожар до темел ја пеплоса нивната куќа. Во куќата живееле двајца браќа со своите сопруги и децата, вкупно 11 мина.

„Ние спиевме во моментот кога започнал пожарот, а тоа беше околу 3 часот утринава. Огнот го забележал нашиот сосед кој започна да вика и не разбуди со зборовите „Станувајте ќе изгорите“. Се случи многу брзо, куќата изгоре за 20-тина минути, а не знаеме од што настанал огнот. Молиме за помош, ние како браќа со фамилиите живееме само од тутунопроизводство“, рече за Инфо Компас,  Алмин Беќироски, еден од сопствениците на куќата.

Контакт телефон: 070708623

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми