Денеска е вториот ден од Европскиот џудо куп за јуниори/ки кој се одржува во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Организацијата на овој куп претставува историски успех на нашата Џудо федерација која доби исклучителна можност за прв пат во своето постоење да организира натпревар од еден ваков голем калибар, на кој учествуваат 230 џудисти од 29 држави. Македонскиот тим настапува со 15 јуниорки и јуниорки. Еве дел од тоа како изгледаше одличната атмосфера од првиот ден на Европскиот џудо куп за јуниори/ки во Скопје.