Драгo Ганиќ, Соња Јоковиќ и Весна која не сака да и се знае презимето и тројцата од Сомбор, Србија се донатори на два витражи кои се поставија на гробното место од Тоше во Крушево. Интересно е што и Соња и Драган во исто време го сонувале Тоше во бела облека на самиот ден кога се случи несреќата и тој загина во Хрватска.
„Што е интересно јас имав ист сон, исто беше во бело и ја пееше песната „Полско цвеќе“. Кога се разбудив и кога видов на вестите не можев да поверувам“, вели Драгo Ганиќ, витражист.
Првиот витраж го носат тука во 2012 година, но нема каде да го постават и тој стои во депото на Спомен домот на Тоше. Деновиве пристигна и вториот дел со кој се комплетира целата приказна и витражите се поставени на новиот објект на вечното почивалиште на Тоше. На витражите се напишани стиховите од песната на Тоше „Полско Тоше“ со која Драган го сонувал на денот на неговата смрт.
„Кога ги изработивме витражите ја имав честа да бидам не само почестен, туку и се што ми требаше Благојче еден мој пријател кој е овде од Крушево, со кого имавме комуникација сите овие 14 години и со Дора, а со него најмногу, кој ни обезбеди се што ни беше потребно за работа, да донесеме делови, да ги оспособиме. Требаше од Министерството за култура да земеме потврда дека не е од национачна вредност, бидејќи витражите се поприлично скапи. Фирмата „Каса пласт“ од Крушево ни помогнаа 7 дена, ни обезбедија маса за составување, греење и се што беше потребно секоја им чест. Витражите ги однесовме да се стават во изопан во фирмата „Интер глас“ во Прилеп и каде на едно изненадување од г-ѓа Емилија, ни кажа дека и таа го донира тој изопан што нам ни беше драго бидејќи се тоа кошта“, додаде Ганиќ.
Двата витражи се работени некаде околу 5 до 6 месеци и навистина се врвно мајсторско дело, кое повторно има своја приказна повторно поврзана со Тоше.
„Секој дел од стаклото е сликан и запечен, во печка, но има еден дел кој што е дури и за неверување. А тоа е тој последен дел од текстот на Тоше за песната „Полско цвеќе“ 3 пати ни пукаше во печката. И потоа станувате скептични. За 35 години работа да ви се случува тоа е чудно, а веќе знаете како се работи. Може да пукне еднаш, но три пати не. И потоа седнав малку на интернет на прелистувам и открив што Тоше дакал да прави кога тој бил основно училиште. Многу го сакал звукот на кршење на стакло и дека со топка ги искршил сите стакла во училиштето. И јас го ставам 4-тото стакло да се печи, беше полноќ се сеќавам точно, нема никогаш да заборавам, јас само седнав на столица, гледав во печката и реков Тоше те молам немој и ова да се скрши. И утрото стаклото беше здраво“, истакна Ганиќ.
Ганиќ и во иднина најавува можно проширување на витражните стакла на гробот на Тоше со неколку различни елементи.