Денеска се одржа Отворен ден за сите 9-то одделенци во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ или познато и како економското училиште каде учениците се запознаа со можностите и перспективите кои ги нуди ова средно училиште во Прилеп.

„Се наоѓаме во ера на дигитална трансформација во која што компаниите се повеќе ја препознаваат потребата од стручен кадар и во таа насока нашето училиште излегува во пресрет на барањата на пазарот на труд. Во таа насока нашето училиште се стреми да ги следи овие трендови и не само што ги следиме, ние и ги креираме овие трендови со програми кои ги опфаќаат економијата, правото, дигиталниот маркетинг, е-трговијата, туризмот и организацијата на настани и анимации. Така ги подготвуваме учениците за професии на сегашноста, но и професии на иднината. Нашето мото е практични вештини денес и успешна кариера утре, тоа е наша мисија и се трудиме со реални настани да учат нашите ученици преку работа, со насмевки и страст. Компетициите на иднината не се веќе дополнителни, туку тие се неопходни. Дигиталната писменост, комуникациските и организациските способности, креативноста, социјалната интелигенција и лидерство се градат кај нас од првиот ден, а преку партнерства со компании, локални бизниси и институции создадовме мост помеѓу образованието и реалниот свет. Да се биде дел од ова училиште значи да се биде дел од иднината и тоа не било каква иднина, туку иднина исполнета со креативност и со многу можности.
„Нашето училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ покрај останатите смерови го нуди и смерот бизнис администратор. Овој смер е со 4 години образование и е измеѓу правен и економски техничар. Тоа значи дека во овој смер половина од стручните предмети се правни, а половина се економски. Учениците кои го изучуваат овој смер 4 дена во неделата одат на училиште, а еден ден одат на пракса во фирми, институции, компании со кои училиштето има склучено договор за соработка. Одејќи на пракса учениците се стекнуваат со вештини за архивирање на документи, средување на документи, одат во сметководствени бироа каде учат и доста сметководствени работи што ќе им даде можност во текот на образованието да се одлучат дали да продолжат на право или на економија. Затоа ги повикуваме идните полуматуранти да го направат нивниот прав избор, да го одберат нашето училиште и смерот бизнис администратор“, истакна Соња Јорданоска, професор по економски предмети
.
„Со овој смер, односно профил бизнис администратор вие можете да се стекнете со поголеми знаења во поглед на бизнисот, за тоа како да ракувате со бизнис, можете доколку имате ваш сопствен бизнис да го продолжите, а можете исто така и да стекнете поголеми вештини во комуникацијата со другите луѓе, а и во деловниот свет“, рече Јована Мојаноска, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.
„Еден од профилите во нашето училиште е и профилот за продажни услуги. Овој профил е единствено во нашето училиште што е со 3 години образование и е повеќе наменет за послабите ученици. овој профил овозможува повеќе практична настава, што значи дека 3 дена имаме теорија, а 2 дена учениците посетуваат практична настава. Условите за таа практична настава, учениците ги посетуваат елитните супермаркети и со тоа се стекнуваат со вештини и знаења и доколку се одговорни и успешно ја завршуваат својата работа, имаат препорака од тамошните вработени за идно вработување. Тоа значи дека учениците на овој профил најмногу внимание треба да обрнат на начинот на однесување, да бидат љубезни, културни, да им посветат внимание на купувачите. На тој начин се надоградуваат и по завршувањето на тригодишното образование се стекнуваат со една диплома, а можат да продолжат и со 4 години каде добиваат дипломат за економски техничар. Ги поканувам сите ученици, не мора само послабите, да дојдат, да се запишат, а доколку покажат солиден успех добиваат стипендија од 3.500 денари“, додаде Елизабета Цветаноска, професор по економски предмети.
„Јас ќе зборувам за економски техничар, дуалната паралелка. Во оваа паралелка ние учиме за статистика, економија, бизнис менаџмент, банкарство и за сметководство. Оваа паралелка, како и повеќето е со 4 години и е дуална паралелка, им е одобрена стипендија на сите ученици, а има и пракса. За пракса се оди 1 во неделата, а во 4 година се оди 2 пати во неделата. Тука е и феријалната пракса која се оди 10 до 20 дена дополнително за време на летниот распуст. За праксата одиме кај работодавачи, некој во сметководство, некој во приватни бизниси, некој во социјално, болница и слично“, кажа Марија Ацеска, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.
„Ова е профилот економски техничар, дуална паралелка. Нашето училиште нуди и дуални паралелки, каде се зема 3.500 денари стипендија, 9 месеци во текот на вашето школување за таа година. Исто така во дуалните паралелки во нашето училиште е познато тоа што со пракса се започнува од втора година, каде имате 1 ден пракса, а во 4 година 2 дена пракса и 3 дена обично школување на училиште. Со практичното работење, вие имате предност за подоцна кога ќе го завршите вашето средно образовние да се вработите во компанијата каде што сте оделе на пракса. Во тие компании, тие нас не поттикнуваат, како маркети со кои нашето училиште соработува, со што му дава и додаток на стипендијата, а тоа е плус одредена сума на пари затоа што ние сме оделе на пракса во тие компании“, потенцираше Јована Мојаноска, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.
„Смерот е-техничар за маркетинг е нов смер во нашето училиште, излезен пред околу 3 години и ние сме првата генерација што го изучува. Со овој смер може да имате повеќе предмети кои се базирани да помогнат да се усоврши истиот, како деловен англиски, бази на податоци кои не се секојдневни предмети за сите смерови во ова училиште. На истиот смер од оваа година, сите ученици кои ќе се запишат ќе се стекнат со стипендија од 3.500 денари, доколку имаат успех од многу добар или одличен, што значи станува збор за дуален смер. Со самата стекната диплома по завршувањето на 4 година имате многу можности за работа и без факултет во некое приватни компании, но и предност на факултетите за програмирање и графички дизајн“, изјави Димитар Ѓокоски, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.
„Правен техничар е образовен профил во времетраење од 4 години, каде нашите ученици стекнуваат знаења од областа на правната материја, изучувајќи ги сите правни гранки од системот на правото како уставно, казнено, граѓанско, трговско, трудово, меѓународно, семејно право. Нашите ученици исто така имаат можност да бидат дел од практична настава во Основниот суд Прилеп, адвокатски, нотарски, извршителски канцеларии и многу други државни органи во нашиот град. Нашето училиште им овозможува на учениците и воннаставни активности како што секоја година го посетуваме Собранието на Македонија, Криминалистичкиот музеј во рамки на Полициската академија и Факултетот за безбедност во Скопје. Како наставници сме спремни постојано да дадеме поддршка, мотивација и креативност за нашите ученици и на крајот на денот да бидат успешни правцници и личности со богата кариера“, изјави Марија Конеска, професор по правни предмети
„Во нашето училиште, кадарот од нашите професори е многу професионален, тие се професионални правници и ни помагаат ние да бидеме мотивирани и да успееме во нашето понатамошно учење. Во нашето училиште не се учат предметите како физика и хемија, ние учиме професионални правни предмети и по завршувањето на средното училиште можеме да завршиме факултет и да бидеме успешни правници како адвокати, нотари, судии и други професии“, вели Теона Мајнова, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“
„Од оваа година во нашето училиште имаме нов смер, техничар за настани и анимации. Образованието трае 4 години, 45 поени се доволни за упис на овој смер, каде учениците ќе научат како да организираат настани, учат графички дизајн, анимација, фотографија итн., а во иднина можат да работат како организатори на свечености, настани, во медиуми, во маркетинг, туризам итн“, додаде Маја Миноска, професор по германски јазик.