ВИДЕО- Екстремни горештини, се помалку дождови, Прилеп се претвора во пустина поради немањето доволно шума

И сега ние сакаме да дишиме чист воздух, но не можеме да дишиме, во никој случај. Дожд нема ни да имаме, ако продолжи вака како што сега стојат работите, лошо ни се пишува, стануваме полека, полека тропски предел. Сето е тоа со пустошење на шумите, значи вие не можете да очекувате да имате дождови ако нема што да ги првлекува тие дождови“, истакна Пецо Јовески, раководител на прилепската подружница „Црн Бор“ на ЈП Национални шуми.

 

Човештвото би било загрозено ако продолжи вака кражбата на дрва, бесправната сеча на дрва“, вели Атанас Велјаноски, в.д. командир на Шумска полиција Прилеп.


За жал ова е тажната вистина за Прилеп. И додека другите држави од пустини прават шуми, ние шумите ги претворивме во пустини. Од околу 32 илјади хектари шума во прилепско кои се под Македонски шуми, само 8 до 8.500 хектари се квалитетни дрвја. Кои за жал се наоѓаат во Мариово на околу 70-тина км. од Прилеп. Околу Прилеп има само неквалитетна нискостеблеста шума, а се што беше квалитетно се уништи од дивата сеча и помал дел од пожарите. Поради тоа климата драстично се промени, дождовите се се поретки, а високите температрури во лето неиздржливи.

Ние располагаме со уредени шуми, стриктно со уредени шуми, но тоа не значи дека оние шумски површини што не се уредени не се нападнати од дивосеча, значи тие се скрос испустени. Овде во одделите наши, пример ако е пресечено од дива сеча 30%, оние што не се уредени се оштетени со 50-60%. Значи ние одземаме дел од таа шума што е дозволен, потоа после нас имаме дива сеча.

Годишно колку имаме дива сеча во кубни метри, а колку во легална сеча?

Ние како шумско стопанство сечиме 10.000 метри просторни дрва, јас сум сигурен дека толку има и дивосеча.

Колку што легално се сечи, толку и нелегално?

Ај да не речам, можеби и повеќе, но…“, додаде Пецо Јовески, раководител на прилепската подружница „Црн Бор“ на ЈП Национални шуми.

Од шумската полиција пак велат дека најнабаднати региони со дрвокрадци се Дервен, Дрен, Царевиќ, Смолани и Дебреште и Црнилиште во Општина Долнени, но тие имаме само едно возило и 10 полицајци кои давале максимум, дури има и меѓусебни обвинувања која институција е за што надлежна.

Со сигурност би можел да потврдам дека во Прилеп, во текот на еден ден, не мора да значи секојдневно, влегуваат по околу 30 метри кубни бесправно исечени дрва.

Дали имате доволно луѓе, доволно возила, доволно опрема да се справите со оваа буквално организирана мафија?

Со таа организирана мафија, организиран криминал јас би го нарекол, шумско-полициска станица Прилеп е во дефицит со кадар, располагаме со 10 полицајци и едно возило и правиме толку колку што можеме да направиме. Буквално сме вклучени 24/7, некогаш и сите 10 души. Успеваме, работиме, сработуваме и на крајот има и резултати.

Често се поставува прашањето зошто не се постават 24 часовни пунктови, ете кај Дрен-Смолани, Царевиќ, Дервен, општина Долнени како селата Црнилиште, Стровија итн. Дали е возможно тоа?

Од наша страна каок шумско-полициска станица не е возможно, бидејќи имаме само едно возило и немаме шумско-патролни полицајци да патролираат на теренот. Тоа треба како реони да си го има Македонски шуми, односно Црн бор Прилеп, шумочуварската служба им е тотално затаена и не знам ни дали имаат шумочувари, јас досега шумочувари не сум сретнал на терен. Тие треба да си го чуваат теренот, а ние треба да се одзвиваме на повик на шумочуварите“, додаде Велјаноски, в.д. командир на Шумска полиција Прилеп.

За излез од ситуацијата се гледа во промена на Законот за шуми.

Во Законот имаше досега, но не се применува, ако е над 1 кубен метар е кривична пријава која сноси и затворска казна и прекршочни пријави кои се движеа и до 3.5 илјади евра за еден прекршок. Тоа треба да се врати под хитно за да некако се сопри дрвокрадството, а вака само се давам подем да одат тие и да крадат, бидејќи казните се многу мали.

Колку, само 100 евра?

Со 100, 150 евра, буквално судот ги стимулира дрвокрадците во моментот. Дефинитивно можам да кажам, сум го кажал и кога сум застапувал на судење, дека ги стимулираат. Тоа 150 евра е ништо и плус одземените возила им се враќаат по некој Закон за човекови права од Стразбур“, истакна Велјаноскик, в.д. командир на Шумска полиција Прилеп.

Освен дивата сеча тука според експертите за уништување на шумите во прилепско имале 35 концесии за рудници, најмногу во Македонија, кои исто така го уништувале шумскиот  фонд.
Нормално тие добиваат лиценци од државата, од министерства и си ја тераат нивната работа, но ние губиме многу од шумскиот фонд. Некој ќе рече, знаеш рудникот е мал. Рудникот можеби е мал, но патот до него е голем, па краци, па друг рудник, трет рудник. Ние ако земиме една карта и обележиме каде има рудници ќе видите дека цела шумска површина е опколена од такви работи. Јас секогаш го спомнувам и мермерниот комбинат, некој да ти уништува тебе борови насади, едноставно да ги покрива со земја, тоа го нема никаде, значи тоа го нема никаде“, вели Пецо Јовески, раководител на прилепската подружница „Црн Бор“ на ЈП Национални шуми.

 Поради ваквата ситуаиција каде државата е неспособна или не сака да го реши овој проблем се јавуваат ентузијасти како Диме Велески, кој прават еко акции за пошумување на, Велески досега со други ентузијасти има засадено 13.000 дрвја за неколку години.

  Се наоѓаме на местото каде за прв пат започнаа акциите, во близина на манастирот Свети Димитрија кај селото Селце во Прилеп. Можеме да кажеме дека ова е едно од тие дрвја, засадено некаде во 2021 година.

31 октомври 2021 година.

Како се роди идејата за пошумување на прилепско?

Како се роди, како дете често пати доаѓав тука и го шетав овој дел и се сеќаваш и ти дека овој дел до долу беше сето багрем и напролет мирисаше прекрасно.

Токму така, од манастирот до селото Селце беше буквално целиот предел под багрем. Сега за жал овде е пустина.

Сега за жал сето тоа е пустелија, дрвата се исечени, уништени и сето тоа кај мене вроди со идеја да почнам со возобновување на шумскиот фонд во околината на прилепскиот дел.

Колку акции досега имаш направено заедно со љубители на природата, спортисти, планинари?

Од прилика некаде 6-7 акции од 2021 до денес.

Колку дрвја се насадени?

Па некаде се насадени преку 13.000 дрвја.

Од тие 13.000 дрвја, колку се фатени?

Како бројка не би можел да кажам колку се фатени од тие дрва, но јас велам и 10 дрва да се фатени е подобро од ништо. Но некаде секако има околу 20% фатено, 20-30% се фатени од тие дрва“, изјави Диме Велески, еко активист.

Слична организација за зачувување на нашиот еко систем, природата и животната средина  е „Спас за Прилеп“. Кои до последен момент се бореа и се надеваат дека успеаа да нес е отвори нов рудник на Бехтел и Енка на само стотина метри од селото Оревоец

 Ова е всушност и копот против кој ние како иницијатива за Спас на Прилеп се бориме да не се отвори. Тука се само минатата година, минатата пролет уништени од 10 до 12 хектари нискостеблеста шума како оваа што ја гледаме. Инаку се наоѓаме, овде прилепчани добро го знаат, во ореовечко-крстечката пазува на Бабуна Планина, која е воедно и најнападната и најексплоатирана во нашата прилепска околина.

Тука се селата Ореовец и Крстец кои полека се претвораат во вистинска пустина. Ако некогаш беа белите дробиви на Прилеп, сега се она обратното.

Апсолутно, добро знаат нашите прилепчани дека тоа ни е најблискиот планински предел кој, сега би можел слободно да речам, беше обвиен со шуми, но сега веќе се претвора во пустелија. Не само што е исечена оваа  планина која гледа кон нашиот град, туку префрлена е дивата сеча и од таа страна, така да Бабуна Планина полека но тивко изумира, односно шумскиот фонд на Бабуна Планина“, потенцираше Ѓорѓи Георгиоски, здружение „Спас за Прилеп“.

И Георгиески и Велески имаат порака како до младите, така и до родителите.

Нека остават една кутија цигари која кошта 150-200 денари, не знам колку е потшо не сум пушач, едно родно дрво е 180 денари. Во текот на годината, едно кутија – едно дрво, тие ништо нема да изгубат, а 1.000 фамилии по едно дрво се 1.000 дрва. Мислам дека тоа е најдобар пример кој треба да им се дава на децата. Едноставно кога излегуваат на излет, земи едно дрво и засади. И државата да застани здраво, да ги пресечи овие канали на колони и колони дрвокрадци кои слегуваат, а тука помагаат и граѓаните купувајќи од тие крадени дрва. Едноставно поевтино ги кошта, а не се свесни дека тоа многу поскапо ги кошта, бидејќи белите дробови си ги сечиме, воздухот го нема, климата тотално сменета, не е она што беше“, посочи Диме Велески, еко активист

 

Она што забележувам и можам слободно да кажам дека свеста кај нашиот народ полека расте во поглед на тоа прашање, но и младите и постарите би требало малку поактивно да се вклучиме во тие акции, кои се повеќе од сигурно за добробит и наша и на нашите деца, нашите внуци“, кажа Ѓорѓи Георгиоски, здружение „Спас за Прилеп“.

Доколку Прилеп сака иднина каде може да дишеме чист воздух, со нормални годишни времиња, без драстични климатски промени и умерени температури, мора под итно да се промени нашиот менталитет и свест, да се засадуваат што е можно повеќе дрвја, а државата под итно да го спречи дрвокрадството и да се вклучи во сите еко акции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи