ВИДЕО- Животот на еден уметник кај нас- 7 месеци без струја, на минусни температури, со скршени прозорци, со денови без храна


7 месеци живее без струја, бидејќи нема 12.000 денари да ја плати сметката кон ЕВН, на минусни температури дома седи облечен со капи и јакни, покриен со кебиња. На дел од прозорците нема стакло, се скршило, а нема пари да купи ново. Често се случува со денови и да нема храна, во вакви екстремно тешки услови живее 55 годишниот Златко Крстевски, е еден од најрепрезентативните прилепски уметници, вистински културен амбасадор на Прилеп, со 30 самостојни изложби во Македонија и странство, а учествувал и над 700 меѓународни групни изложби.

Добиваш социјален додаток од државата?

Да, тоа е нешто симболично со кое не можеш да покриеш ништо.

Колку изнесува?

5.000 денари.

И што може да се направио месечно со 5.000 денари?

Ништо.

Ти се случило некогаш да опстојуваш со само тие пари, ако не продадеш дело?

Да.

Дали се случило да нема што да јадиш?

Да.

Како се снаоѓаш тој период?

За жал кај нас нема никакви хуманитарни организации, треба да бараш од Скопје да ургираш,  па оввде некој да ти даде“, вели Крстевски.

Крстевски е мултидисциплинарен уметник, сликарство, современ цртеж, сатира, карикатура, поштенска уметност и стрипови. Често пати црта на и свеќа ако има итна порачка за да заработи денар за да преживее.

„Пред Нова Година еден цртеж за една изложба, ама тој на свеќа буквално. Инаку избегнувам бидејќи ова се маслени запалливи бои и ако дојдат во допир со оган може настане пожар“, додаде Крстевски.

Неговиот апел е државата, општествено одгорни, јавни или приватни претпријатија и компании преку ангажирање на уметниците и откуп на нивните дела да ја помогнат уметноста кај нас.

„На запад така работат, одредени компании, порачуваат некое дело за да го оплемени просторот каде работат работниците и тоа дело потоа дава позитивна енергија, зрачи позитивна енергија за подобри работни услови“; истакна Крстевски.

Инаку денеска е светски ден „Роденден на уметноста“, но за жал дел од уметниците кај нас истиот го прославуваат во вистинска беда.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи