ВИДЕО- Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Годинава конечно заврши проектот за конзервација и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп кој што е трет во Македонија според својата вредност, после иконостасите во црквата Св. Спас во Скопје и оној во Бигорскиот манастир. Го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката. Лани и годинава се работеше на конструктивното зајакнување, како и тонирањето и враќање на елементите кои беа отпаднати од самиот иконостас со текот на годините.

Потоа се вршеа конзервација и пронајдување на основната боја на оригиналноста на самиот иконостас, затоа што кога ќе гледате, во позадина ги гледате црвените рамки на празничните икони кои се поставени на вториот кат на самиот иконостас. Тие кога се направи конзервацијата видовме дека не се златни, се турна таа бронзена боја и се дојде до оригиналната црвена боја на рамките. Беа отстранети сите тие, повторно беа очистени и поставени на оригиналното место. Исто така оваа година беа сработени 16-те икончиња, во втората партија помеѓу првиот и вториот кат на иконостасот, поставени во медаљонот, конзервирани и реставрирани“, изјави Мимоза Христоска, директор на Завод и музеј Прилеп.

Останува до крајот на годината да се рестарврираат и конзервираа уште „Царските двери“. Иконостасот е стар 180 години и е најдолг иконостас во Македонија со должина од скоро 17 метри, а висина од 6 метри.

На задната страна се поставија хоризонтални и вертикални греди кои рачно се обработуваа за да се долови моментот на автентичност на самото дрво кое е поставено. Премазот беше ист како дрвото и се поставуваа сајли на двете фази од самиот иконостас, поврзани за да нема никакво навалување према напред како што имаше тежнеење према напред. Од предната страна, како и од задната страна, самите тие греди кои се поставуваа се вкопуваа до оригиналниот под, до мермерниот под и тука правевме дополнителна изолација за да нема никакво влечење од мермерот на оригиналниот под према самиот иконостас, према дрвото за да нема оштетување“, додаде Христоска.

Црквата Свето Благовештение е првата црква изградена во градот во 1838 година. Има огромно значење за прилепчани и затоа во тек е нејзина валоризација за да и таа како и иконостасот стане заштитена културно наследство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци