Верувам дека до крајот на неделата Комисијата за избор и именување во парламентот ќе ги именува членовите на ДИК. Ова денеска во Прилеп го изјави премиерот Заев.
„Она што го слушнав вчера додека траеја пратеничките прашања, дека чекаме одлука на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги има утврдено своите претставници, ДУИ ги има утврдено, веројатно помалата коалициона партија го има тоа направено. Веројатно до петок, како што ме информираа претставниците или координаторите на пратеничките групи, ќе се заврши оваа работа“, истакна Заев.