ВИДЕО- Започнува кампањата „Зелен петок“ – граѓаните може да ги посочат еко проблемите и да се бара нивно решавање

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп ја започна кампањата „Зелен петок“ преку која секој последен петок во месецот ќе организира еко акции на територијата на Општина Прилеп со кои ќе се актуелизираат одредени еко проблеми кои што ги засегаат граѓаните. Денеска во центарот на градот беше поставена мапа со територијата на Општина Прилеп, каде граѓаните може да запишат кој дел од градот каков еколошки проблем има.

За почеток сакавме најпрво да собереме предлози и идеи од граѓаните, да слушнеме  од нив што е тоа што нив ги мачи и тоа во неколку различни форми како еко грижи кои ги имаат, еколошки предлози за подобрување на состојбите, или некои прашања кои ги имаат до наследните институции. За таа цел ја поставивме оваа мапа на општина Прилеп на која граѓаните можат да ја пронајдат својата населба или местото каде го имаат лоцирано тој проблем, да ги дадат нивните предлози за да ние подоцна во нашите акции и комуникација со надлежните власти да најдеме заеднички јазик како тие еколошки проблеми и грижи да ги решиме.

На што најчесто даваат забелешки граѓаните, што најмногу сакаат?

Она што најчесто се пријавува како проблем е недостатокот на доволно зелени површини на територијата на општина Прилеп, узурпацијата на јавните површини на тротоарите и плоштадите најчесто од возила, загадувањето што тие возила го предизвикуваат, но исто така во некои делови оставањето на ѓубре во природата, ниската свесност кај граѓаните кога се оди на рекреативни прошетки, на излети во природа“, истакна Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т.

Младите од Прилеп бараат повеќе зелени и парковски површини за рекреација.

Каде што ние сите младите ќе можеме да го искористуваме своето слободно време, со што ќе создадеме одредени здрави навики, ќе се оддалечиме повеќе од технологијата и социјалните мрежи. Сметам дека градот има доволно урбани населби и површини и сметам дека е потребно да се зголемат рекреативните центри, зелените површини, да се направат и да се подобрат постоечките паркови“, кажа Теодорра Цветаноска, СТАНИЦА П.Е.Т.

И постарите граѓаните бараат почиста и поеколошка средина, без диви депонии и со повеќе дрвја.

Треба планини, не шуми, голи се сите планини, што правиме? Кај касарната така стои, оти не го пошумуваат? Еве градоначалници нови, само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Зеленило треба, сето плочки го направија и што правиме сега…

Не чистат никаде, полно е секаде, кај мене над куќа има дива депонија еве 2-3 години и не ја чистат никако, тоа е.

Зошто е ваква сликата?

Не знам зошто, не ги чистат. Тоа треба градоначалникот да види каде е, што е за хигиената и да се исчисти“, велат граѓаните на Прилеп.

И жители на руралните средини се жалат дека треба да ја чуваме природата затоа што таа се повеќе се загадувала и уништувала.

Па јас доаѓам од еден од најчистите региони во државава, од Мариово, или поточно од Витолиште. Ако нешто остана за што треба да се грижиме тоа е тој чист воздух и чиста еколошка средина. Тоа значи грижа околу сите оние посетители кои идат како рекреативци, риболовци или ловци своето ѓубре да не го оставаат во планината, да си го понесат со себе и во првиот контењер да го одложат. Втората работа, има неколку викенд локации кои имаат сопствени канти и контењери, потребно е побрзо чистење на истите од страна на институциите“, вели Спасе Чакрески, жител на с. Витолоште.

 

Дрвоикрадството е проблем кој по се изгледа не можат да го решат сегашниве власти. Дрвокрадци има секој ден, и тоа не е едни, туку повеќе, моторните пили бичат од утро до вечер. Лево и десно од патот за Крстец се гледаат сувите гранки и стебла што се сечат и што се оставаат така. Катастрофа е со шумата на потегот од Ореовец до Крстец“, рече Илија Трајкоски, жител на с. Крстец.

Акцијата е предвидено е да трае во наредните 8 месеци, со надеж дека истата ќе прерасне и во традиција и дека секој последен петок од месецот ќе се организираат вакви еко иницијативи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми