ВИДЕО- За прв пат од постоењето комплетна реконструкција на Ученичкиот дом во Прилеп – инвестиција од над 4,6 милиони евра

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Со средства од над 4,6 милиони евра ќе се направи комплетна реконструкција на Ученичкиот дом во Прилеп – „Орде Чопела“. Овој дом е дел од проектот на владата енергетски ефикасни домови во Македонија, каде што на овој принцип ќе бидат реновирани вкупно 9 студенстки и ученички домови. Реконструкцијата ќе започне на 15 јули и ќе трае 18 месеци.

„Опремување на собите, целосна замена на водоводната, канализационата инсталација, како и отстранување на причините кои доведуваат до влага која се појавува во објектот. Комплетна замена на санитарната опрема, поставување на нова хидроизолација, керамички плочки и нови санитарни јазли. Целосна замена на електричната инсталација и монтирање на лед светилки, целосна замена на системот за греење, изработка на енергетски ефикасна фасада, целосна промена на кровната конструкција на домот и поставување на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија“, истакна Билјана Данчевска, в.д. директор на Ученички дом „Орде Чопела“ во Прилеп.

Комплетно нови инсталации и нова опрема по ХАСАП стандарди ќе биде поставена во кујната на Домот. Исто така ќе се зголеми бројот на простории и содржини за рекреација на средношколците и студентите кои живеат тука.

„Со ова се надеваме дека домот ќе добие еден нов лик, ќе биде попримамлив за да имаме што повеќе ученици и студенти кои своето образование го продолжуваат во нашиот град“, додаде Данчевска.

Во моментов капацитетот на  домот е 333 легла, а во него се сместени 166 ученици и 20 студенти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми