ВИДЕО- За претседател на Совет на општина Прилеп избрана Билјана Кржеска, Проданоски порача дека време е за работа и резултати

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Денес е голем и свечен ден за нашиот Прилеп, ден кога започнува ново поглавје на заедништво, развој и напорна работа. Од срце им честитам на сите 27 новоизбрани членови на Советот на Општина Прилеп. Ви посакувам успешен, мудар и плоден мандат исполнет со конструктивни дебати и резултати во интерес на граѓаните, истакна денеска новиот градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, при своето прво обраќање на конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп.

„Посебна честитка упатувам до новоизбраната претседателка на Советот, д-р Билјана Кржеска, со искрени желби за успешно водење на советничкото тело во духот на соработка и посветеност кон сите прилепчани. Изборите завршија, време е за работа! Граѓаните јасно и одлучно ни ја дадоа довербата да создадеме подобар, посовремен и похуман Прилеп.

Заедно ќе работиме на:

– Целосно уредување на индустриските зони „Прилеп 4“ и „Прилеп 5“,

– Уредување на коритото на Градската Река и создавање нови зелени површини,

– Изградба на два нови големи парка и обиколниците „Исток“ и „Запад“,

– Изградба на нова детска градинка во населбата „Рид“,

– Реконструкција на спортската сала „Македонија“ и театарот „Војдан Чернодрински“.

Ова не се само ветувања, ова е нашата обврска кон граѓаните. Со поддршката на Владата и со заедничка работа, Прилеп конечно ќе го заземе местото што го заслужува, како центар на развојот и гордост на Македонија. Време е за резултати. Време е за Прилеп што напредува! Да живее Прилеп! Да живее Македонија“, кажа Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми