Денеска на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се одржа собир на спортисти, поранешни и сегашни играчи, навивачи и љубители на Победа кои по секоја цена побараа клубот да биде спасен од пропаст. Филип Илиоски, извршен директор на клубот, рече дека сегашниот сопственик на 70% од акциите од клубот А.Д. ФК Победа Прилеп е Јана Попоска Мицкоска која побарала акциите да ги преземе градот. Илиоски потенцираше дека долговите на Победа кон УЈП изнесуваат 7 милиони денари, и дека секоја донација или пари кои ќе легнат на сметката ќе бидат повлечени од Управата. Излезот од оваа катастрофална ситуација го гледа единствено во тоа Општината да се заангажира повеќе Победа да опстои.
Погледнете ја целата негова изјава.