Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Инфо Компас денеска одржа предавање за медиумска писменост кај 5 то одделенците во ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп. Учениците се запознаа што е тоа информација, вест и интервју и како истите се пишуваат и се составуваат. Учениците научија дека веста е информација која е вредна за објавување, односно информацијата треба да содржи неколку критериуми за да стане вест: да биде нова, дотогаш неслушната и непрочитана, интересна и за неа да бидат заинтересирани што е можно повеќе граѓани.
КОЈ, ШТО, КОГА, КАКО, КАДЕ и ЗОШТО се основните прашањата на кои треба да се одговори за да се пласира и создаде првичната информација, односно веста. Преку зададени примери учениците научија повеќе за основниот новинарски жанр, но потоа и сами напишаа по неколку примери за вест.
Интервјуто пак како посебен новинарски вид исто така беше опфатено во предавањето. На крајот учениците беа запознати со основните технички средства со кои се продуцира едно видео, а потоа и самите снимија едно видео интервјуирајќи се помеѓу себе за полесно преку примери да ја разберат материјата.