Победничко Крушево вечерва јасно и недвосмислено покажува дека ќе го продолжи победничкиот од, дека ќе продолжи да чекори по патот на развојот, напредокот и заедништвото. Мултиетничко Крушево било, е и ќе остане симбол на заедништво, симбол на соживот, каде Македонците, Власите, Албанците, Турците, Бошњаците, Србите и Ромите, сите заедно ќе градиме иднина со меѓусебна почит и разбирање. Општина Крушево е пример за тоа како различностите нѐ поврзуваат и нѐ прават посилни. Тука секој камен, секоја улица, секој споменик раскажуваат приказни за храброст и труд, за посветеност, љубов и емпатија, истакна вечерва во Крушево, носителот на листа за совет на општина Крушево, од СДСМ, Трајче Калевски.

„Почитувани сограѓани, за мене Крушево не е само место на живеење, Крушево е мојот дом. Тука ги поминав најубавите денови од детството, тука создадов семејство, тука денес среќно и безгрижно растат моите 2 деца. Тука научив што значи да се почитува секој човек без разлика на вера и националност, без разлика на општествениот статус. Тука ја гледам мојата иднина и иднината на моите деца, заедно со сите вас.
Да се биде носител на советничката листа на СДСМ за мене е огромна чест и привилегија, но уште поголема обврска и одговорност. Да се биде носител на советничката листа значи да се биде прв меѓу еднаквите. Горд сум што стојам на чело на тим од вредни и чесни луѓе, различни по возраст, образование и професија, но идентични и единствени во желбата и искрената намера несебично да се вложат во изградбата на подобро утре за секој жител на градот и за секое населено место. Тоа се посветени луѓе кои знаат и кои сакаат да работат, луѓе со визија за модерно и просперитетно Крушево.
Во мое име и во името на сите кандидати од листата на советници ви ветувам дека ќе бидеме вашиот глас за мудри и вистински одлуки во Советот на Општина Крушево. Транспарентни и отворени за сите ваши идеи, предлози и критики. Вратата на општинскиот совет секогаш ќе биде отворена за вас, затоа што нашиот најголем сојузник отсекогаш сте биле вие, граѓаните на општина Крушево.
Почитувани сограѓани, и јас како и вие овие денови ги слушам политичките противници како со леснотија говорат за Крушево, велат во Крушево и населените места не бил реализиран ниту еден проект. Слушам и не можам да поверувам. Денес некој да зборува дека во Крушево и населените места не е реализиран ниту еден проект тоа значи дека тие луѓе или не живеат во општина Крушево, или пак никогаш претходно не ги посетиле населените места за да направат разлика на тоа како било претходно и како е сега“, додаде Калевски.