
Да се заблагодарам на прилепчани, сите кои ни ја дадоа нивната поддршка, кои гласаа за нас, нѐ поддржуваа цело време во кампањата и денес, истакна вечерва Билјана Кржеска, носител на листа за совет на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.
„Со ваша помош понатаму ќе успееме да ги реализираме сите проекти кои ги замисливме и нашата визија е за Прилеп да биде поубав град, со посветла иднина, Прилеп каков што го сакаме“, потенцираше Кржеска.