ВИДЕО- Кружниот тек на мостот „Табана“ вреден 138 милиони денари се планира да биде готов средината на 2026

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во тек се интензивни градежни активности околу изградбата на новиот кружен тек кај мостот „Табана“, на вкрстувањето на улиците „Кеј 1 Мај“, „Кеј 9 Септември“ и „11 Октомври“.
Проектното решение предвидува кружен тек со две коловозни ленти, како и изградба на пешачка и велосипедска патека, со што добиваме современо и безбедно сообраќајно решение.
Овој капитален проект, вреден 138 милиони денари, е финансиран преку првиот јавен повик на Владата и претставува еден од најголемите проекти што ги доби Општина Прилеп.
Со неговата реализација значително ќе се растовари сообраќајот на досегашната семафоризирана крстосница, ќе се намали гужвата и ќе се зголеми проточноста на сообраќајот на една од главните градски артерии што води кон центарот на градот. Покрај функционалното, проектот носи и видливо урбано и визуелно унапредување на овој дел од Прилеп.

Проект од првиот повик на Владата, вреден 138 милиони денари е еден од најголемите кој го доби Општина Прилеп. Имаше извесни административни пречки околу докомплетирање на документацијата и измени во тек на градба за изведба на овој 75 метри широк мост, капитален објект кој би значел растоварување на сообраќајот на единствениот регулиран пропуст, односно семафоризирана крстосница помеѓу двата кружени тека и со ова сметаме дека конечно би се надминале проблемите, односно намалување на гужвата која се случува овде на оваа семафоризирана раскрсница. Добиваме нов капитален објект кој би значел подобрување визуелно на урбаниот дел од градот но и сериозно функционално подобрување на главната сообраќајна мрежа, ова е една од главните артерии која води до центарот на градот“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 

Според проектот мостот ги опфаќа улиците „Кеј 1 Мај“, „Кеј 9 Септември“, како и главниот булевар „11 Октомври“. Решението е кружен тек со 2 коловозни ленти, како што напомена градоначалникот ќе го растерети сообраќајот во централното градско подрачје. Проектот се состои од поврзување на веќе постоечкиот мост со 2 нови моста, а исто така ќе има и пешачка и велосипедска патека. Моментално градежните активности се одвиваат по план и проект, се надеваме дека доколку не послужи времето ќе бидат завршени градежните активности до средината на наредна 2026 година“, рече Бобан Атанасоски, „ТОП БИЛТ“, главен изведувач на проектот.

 

Сообраќајот ќе се одвива по одобрен времен режим кој го има изработено фирмата изведувач и истиот предвидува делумно да се затвораат улиците по фази. Прва фаза да биде затворена „Кеј 1 Мај“, па „Кеј 9 Септември“ и напоредно пуштање на истите. Нема да имаме проблем да биде затворена комплетно раскрсницата“, кажа Владимир Христоски, вели раководител на улици и патишта при општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми