ВИДЕО- Крушево светско, а наше! Eдна од топ 5-те светски дестинации за параглајдерство и змајарство – гордост на Македонија!

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Крушево е помеѓу топ 5 дестинации во светот за параглајдерство и змајарство. Секоја година овој град го посетува буквално целата светска елита од овие спортови. Годишно тука доаѓаат илјадници параглајдеристи од сите континенти за да уживаат во прекрасната термика и природа.


Голем број европски земји секоја година поради одличните услови тука ги одржуваат своите државни првенства во параглајдерство. Се одржуваат Светски и Европски купови и првенства како во параглајдерство така и змајарство.

Полетувалиштето на „Мечкин Камен“ ги задоволува сите потребни критериуми за овој спорт. Овие летачки спортови се главниот мотор на туристичиот сектор особено во лето кога целиот град е преполн со пилоти.

Тогаш е резервиран голем дел од капацитетот на хотелите, но и приватното сместување. Небото над Крушево со месеци е „сардисано“ од овие спортисти.

За да се привлечат уште повеќе вакви спортисти и развој на овој вид алтернативен туризам се направија повеќе инвестиции на Мечки Камен. Целосно се реконструираше и прошири патот до полетувалиштето. Се зголеми стартниот терен за полетување и се постели со нова вештачка трева.

Се изградија два паркинг простори за автомобили и автобуси кои ги носат спортистите и туристите. Се прават напори и за изградба на уште еден алтернативен старт кај месноста „Црн врв“.

Со тоа ќе се привлечат уште повеќе како професионални така и аматерски љубители на овој спорт од целиот свет.

За посетителите се нуди и тандем летање. Крушево светско, а наше! Гордоста на Македонија за развој на параглајдерството!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми