ВИДЕО- Македонија и Србија со 4 годишна Програма за соработка во културата – отворање културни центри, соработка во филмската индустрија

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во Крушево, Македонија и Србија ја потпишаа меѓусебната Програма за соработка во културата од 2026 до 2030 година. Станува збор за отворање на културни центри, помош во заемното отстапувањето на таквите центри насекаде низ светот, формирање заеднички камерен состав и соработка во филмската индустрија. Договорот го потпишаа министрите за култура на двете земји, Зоран Љутков Никола Селаковиќ.

Сега правиме едно надополнување на настаните кои во иднина ќе се случуваат помеѓу Македонија и Србија. Она што е за мене уште поинтересно  е отворањето на културните центри во Македонија и во Србија, а поважно е тоа што го договоривме – помошта или отстапувањето на културните центри што ги имаат Македонија и Србија надвор од своите земји. Така, ќе си помогнеме, на пример доколку Македонија сака да претстави некоја културна содржина, на пример во Париз или во некоја друга земја, тука во пресрет ни излегува Културниот центар на Србија во тие земји и обратно, изјави македонскиот министер за култура и туризам, Зоран Љутков.

Потпишувањето на меморандумот за соработка во наредните четири години е во годината кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Јубилеј кој ќе биде одбележан со повеќе културни настани.

„Зборувавме и за можностите за соработка на регионално ниво во областа на филмската продукција, односно промоција на Србија, Македонија, заедно со уште некои држави од поширокиот регион како дестинација за снимање филмови. Филмската индустрија е доста доходовна индустрија. Нашите земји се дополнуваат со локациите за снимање филмови, а со тоа може да бидеме и конкурентни и можеме повеќе да заработиме, што ни е секако и интерес“, истакна Никола Селаковиќ, министер за култура на Република Србија.

Српскиот министер за култура е во дводневна посета на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми