ВИДЕО- Манастирот Свети Спас местото од каде започнува историјата на денешно Крушево

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Манастирот Свети Спас е местото од каде започнува историјата на денешно Крушево. До него се стигнува кога од регионалниот пат Прилеп-Крушево ќе завртите во лево и до него потоа има уште само 3 км.

Развојот и историјата на манастирот може да се следи од 1467-68 година, па се до денес. Историјата на манастирот е поврзана со сега непосточечкото село Стари Дол и манастирот Свети Никола, кој исто така сега не постои.

Тие се наоѓале на околу 1 км. од сегашниот манастир Свети Спас. Населувањето на Крушево започнува околу 1760 година, а целата историја е поврзана со девојката Румена Коруноска од селото Стари Дол.

Поради нејзината убавина Османлиите од околината сакале да ја земат и го палат селото и манастирот Свети Никола. Но таа бега и се спасува. Благодарение на Јаја Бег, кој го поседувал земјиштето на денешно Крушево, Румена и останатиот дел од населението кое преживеало се населува таму. Потоа тука се населува и влашко население од Москополе и македонско мијачко население од западниот дел на Македонија.

Интересно е што населението од Крушево си го откупува земјиштето од османлискиот султан за сума од 250.000 златнии турски лири. Во денешно време таа сума би се движела некаде од 2 до 4 милиони евра.

Во султанскиот ферман стоело и тоа дека во градот не смее да се населува муслиманско население и да се градат верски муслимански објекти. После уништувањето на селото Стари Дол и манастирот Свети Никола манастирот Свети Спас на ова место се обновил во 1836 година. За време на Илинденското востание манастирот да не биде запален го спасува кметот на село Алданци, Синан Газија.

Тој не дозволил да се случи тоа затоа што неговиот син прозборувал за прв пат во олтарот на манастирот. Денес манастирот е најпосетеното место во целиот крај. Капацитетот е околу 120 гости за спиење. Тука е зачувана и собата каде престојувала последната монахиња која живеела тука, монахиња Херувима, која починала во 1988 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми