Манастирот „Свето Преображение Господово“ се наоѓа во близина на Крушево на надморска височина од околу 1.600 метри. Се смета за духовен дом на македонскиот пејач Тоше Проески, кој имал длабока врска со овој манастир.

Првичната црква на ова место била изградена помеѓу 11 и 13 век, но била уништена во 19. век. Во 1986 година, по иницијатива на голем број крушевчани и семејство Проески, започната е обнова на манастирот.
Тоше активно учествувал во изградбата, како со финансиски средства, така и со физичка работа. Тој често го нарекувал манастирот свој втор дом. Манастирот е осветен на 24 септември 2023 година од страна на Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, во присуство на голем број верници и официјални личности.
Со ова се исполни една од најголемите желби на Тоше. Осветувањето се извршува на овој датум, 24 септември, затоа што овој ден далечната 1986 година крушевчани го поставаат камен темелникот за манастирот на темелите од стариот манастир.
Црквата е позната по својот иконостас изработен од бел мермер, кој е резбарен во Прилеп. Гравурите се изработени според цртежите на таткото на Тоше, Никола Проески. Фрескоживописот го изработил бугарскиот уметник Борис Николов Мрскрчки.
Манастирот е популарна дестинација за планинари и туристи, благодарение на својата природна убавина и духовна значајност. Тој е место за мир и молитва, како и за сеќавање на Тоше Проески и неговата љубов кон родната земја и вера. Во иднина се планира изградба на уште 2 манастирски конаци и доизградба преуредување на собите за посетители во веќе постоечкиот конак.