ВИДЕО – Манастирот Св. Василиј Велики кај Крушево, уникатен црковен бисер и чувар на историјата на овој крај

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На само 2 км. од манастирот Свети Спас кај Крушево се наоѓа манастирот посветен на Свети Василиј Велики. До него патот не е асфалтиран, но сепак се стигнува и со автомобил, не е потребно да се има исклучиво теренско возило. Во минатото тука се наоѓало селото Трстеник кое е запалено за време на Илинденското востание.



Она што знае дека селото било прво во подножјето на планината. Меѓутоа поради напади и пљачкосувања селото е преместено на самата падина од планината и тука е изградена селската црква Св. Василиј. Според една плоча во црквата, која е пронајдена при обновата, старата црква е осветена некаде во 80тите години од 19 век.

Според конзулските извештаи при напредувањето на аскерот кон Крушево запалено е селото Трстеник и црквата Св. Василиј. Камен темелник за обнова на црквата е поставен на 1 октомври 1995 година во формата во која денес ја знаеме и таа се претвора во манастир.

Во иконостасот на црквата се поставени дел од дрвените резбарени столбови од иконостасот на црквата Свети Никола во Крушево. Црква која била запалена за време на Илинденското Востание.

Манастирот има 2 слави, на 14 јануари Свети Василиј или Стара Нова година и на 9 мај кога се празнува Свети Василиј Алмасиски. Сегашната црква е осветена на 10 мај 2008 година.

Моментално манастирот има неколку соби за спиење и голема трпезарија за преку 100 луѓе.

Продукција на видеото: ИНФО КОМПАС!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми