Црквата Свето Благовештение во Прилеп неколку дена е под напад на несовесни граѓани кои го берат цветот од липите, но при тоа тие прават и огромна штета на самите дрвја. На безбедносните камери се снимени група на луѓе кои незаконски влегуваат преку оградата во дворот на црквата и сечат цели гранки од липите. Последното уништување на липите се случило синоќа кога е направена огромна штета. Искршении гранки од липите имаше по целиот двор од црквата. Вработените во Свето Благовештение велат дека секоја година липите се уништуваат во овој период, но како оваа година никогаш досега. Бараат итна реакција на полицијата и стопирање на незаконското влегување во имотот на црквата и негово уништување.