Мермерот, тутунот, туризмот се само дел од сферите за кои Кина е заинтересирана за соработка со прилепскиот бизнис сектор. Ова денеска го истакна амбасадорката на оваа држава во Македонија, Џијанг Сјаојан.
„Всушност ова не е прв пат да имаме соработка со Прилеп, претходно во февруари кинески инвеститори дојдоа во Прилеп да ги посетат фабриките за мермер и да разменат мислења со бизнисмените во Прилеп, зборувајќи за можности за соработка. Секако во иднина ќе поканиме уште кинески инвеститори да дојдат во Прилеп, а секоја година Кина ќе обезбеди програми за тренинг и семинари за македонските граѓани да одат во Кина. Ние исто така поканува експерти од Кина да дојдат тука, не само во Скопје, туку исто така и во Прилеп, за академска размена и споделување на искуства.
Во јуни, сестринскиот град на Прилеп, Дејонг ќе организира конференција за тутун, така што ќе го поканиме градоначалникот на Прилеп да ја посети Кина, секако кога тоа ќе му одговара него, но дефинитивно повеќе такви размени се добредојдени, не само на официјално ниво, туку и помеѓу обичните граѓани за пријателство и зголемена соработка.
Нашите билатерални односи се стабилни, секако би сакале повеќе соработка во иднина. Довербата помеѓу двете земји е многу добра и ќе продолжиме да ги развиваме овие односи помеѓу нас, почитувајќи основните интереси. Има многу опции, Кина само што донесе 15 5-годишни планови, ние ќе се отвориме пошироко за надворешниот свет, вклучувајќи ги европските земји како Македонија, така што ќе се потрудиме за што е можно попрагматична соработка во иднина и дефинитивно ќе охрабриме што е можно повеќе луѓе да ја посетат Кина, но и кинески туристи да дојдат во Македонија“, истакна Сјаојан.