Позитивна страна за задржување на младите и вклучување во производните процеси во Македонија е токму младинскиот додаток и позитивна страна оваа година е што младинскиот додаток е зголемен од 3 на 5.000 денари, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
„Тоа важи за лицата до 23 години кои исклучиво би се вработиле во производни капацитети во Македонија. Вкупната вредност на парите предвидени за младински додаток се 210 милиони денари, ќе биде исплатата преку АВРМ, така да ги повикувам сите заинтересирани страни и производни капацитети во Македонија, фирми кои сакаат да вработат млади да ги вработат, затоа што покрај платата која ја добиваат ќе го добиваат и овој младински додаток кој е 5.000 денари, значи зголемување за цели 2.000 денари. Досега овој младински додаток го имаат искористено преку 19.000 млади лица во Македонија. Просекот е над 3.000 лица, очекуваме дека оваа година интересот ќе биде поголем и ќе достигне околу 3.500 лица, бидејќи самиот додаток е зголемен од 3 на 5.000 денари“, рече Ристески.