ВИДЕО- Младински земјоделски задруги – можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Формирањето на Младински земјоделски задруги е една од можностите како младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини, да бидат поконкурентни на пазарот со своите производи и да имаат исплатлив труд во една водечките економски гранки кај нас. Во тек е формирањето на првата ваква задруга помеѓу млади од општините Крушево и Долнени, преку проектот „Младински зелени социјални претпријатија, нова енергија за руралниот развој“.

Целта на оваа младинска земјоделска задруга е како да го подобриме локалниот економски развој, како да дојдеме до подем на земјоделството, но и онаа најважна цел, како да ги задржиме младите токму во овие региони. Во текот на работењето со овој проект младите пројавија навистина голем интерес за да се формира оваа младинска земјоделска задруга и бенефитот е тоа што младите заеднички преку учество ќе си овозможат подобар пласман на пазарот, поделени трошоци во текот на работењето во земјоделството, заедничка набавка на репроматеријали, заедничко користење на регрутација“, истакна Анастасија Смиле ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Во тек е регрутација на младите кои биле наголемо заинтересирани за оваа иницијатива.

Имавме 5 теми, тоа е компостирање, калифорниски црви, коприва, пепел и отпадно масло. Доста креативно решение имаме за отпадното масло и за искористувањето на компостот, но сите решенија се одржливи, можат да се развиваат, така што би кажал дека за она што ние го работевме младите имаат нивни идеи да ги доработуваат, да ги прошируваат и да го проблематизираат бизнисот, односно да го зафатат од сите агли како тој понатаму би се развивал“, кажа Филип Димкоски, агроном.

Младите пред се барале сигурност дека она што тие ќе го сработат ќе имаат вистински бенефит од истото. Главен услов за нивно останување во Македонија и придонесување за развој на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци