ВИДЕО- Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Корупцијата и недовербата во системот се едни од најголемите причини поради кои што младите се иселуваат од земјите од Балканот, меѓу кои и Македонија. Парите и висината на платата повеќе не се примарни фактори за да се напушти родното огниште. Исто така гласот и барањата на младите во сите Балкански држави скоро и да не се слушаат од страна на властите и политичарите. Ова беа заклучоците на Меѓународна младинска конференција  која по 24 пат се одржа во Крушево каде дебатираа нас 120 млади од 15 држави.

 

„Системот во БиХ и уредувањето остава доста голем простор за корупција и и непотизам и младите токму поради тоа како и младите од другите земји од регионот се иселуваат“, вели Адем Ајдин, учесник на Конференцијата од БиХ.

 

„Сите млади од регионот ги имаат истите проблеми. Ние како млади не треба само да гласаме на 4 години туку треба нашиот глас да се слуша многу повеќе и да зборуваме повеќе“, додаде Крешник Никола Кадиу, учесник на Конференцијата од Албанија.

Законот за млади пак кај нас иако бил донесен 2020, од него досега не биле имплементирани ниту 20-тина проценти. А младите остануваат без соодветни тела и буџет. За да се вратат иселенциите назад на Балканот потребно да се променуваат овие општества.

 

„Меѓутоа кога ќе видиме дали сето тоа се имплементира гледаме дека општините ретко одделуваат одреден буџет од 0,1% за младите, понатаму многу  малку општини ги отвораат процесите на креирање на Младински совети, дури и да се креираат не се докрај разграничени надлежностите и одговорностите и сето тоа само се разводнува процесот и не се стигнува до суштината младите да бидат вистински дел од процесите“, вели Нина Јовановска, Младински сојуз Крушево.

 

„Тие млади луѓе што заминале некаде во странство, стекнале нови знаења, стекнале капитал сега да ги мотивираме да се вратат назад, да донесат тука знаење и капитал и да ги развиеме нашите општетства. Да им дадеме на младите активно да учествуваат во општествениот живот“, изјави Методија Стојчески, извршен директор на Младински сојуз од Крушево.

Заклучоците од оваа Конференција ќе бидат испратени во писмена форма до надлежните институции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци