Покачувањето на даноците е една лоша работа, мислам дека дури и се избегнува некако темата што ќе се случува во Македонија есента и зимата, кои ќе дојдат побрзо од што мислиме, грејна сезона почнува за некаде 2 месеци од денес, истакна денеска во Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Ситуацијата е катастрофална, цените на енергенсите одат исклучително високо и ништо не се прави од страна на власта да се колку толку ублажи тој удар, дополнително затоа што буџетот е празен, а празен е заради лоши економски политики и заради криминал и корупција. Го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и претпријатијата повторно, односно да се зголемат даноците. Ќе кажам јасно и директно ВМРО ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноците, туку и за кратење на постојните даноци, затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, да му се остави рамен терен за игра и во исто време да има ниско одданочување, како би можеле средствата да се употребуваат за развој, за нови производи и за нови работни места“, кажа Николоски.