ВИДЕО- Николоски: Рехабилитација на патиштата Крушево-Кривогаштани, Крушево Долно Сладуево, и с. Пуста Река – с. Цер

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Задоволство е кампањата за вториот круг на локалните избори да ја завршиме токму во Крушево, ќе имаме денеска посета да се сретнеме со сите кои сакаат да поразговараме, да размениме мислења, искуства и секако она што планираме да го правиме по завршувањето на локалните избори. Мене ми е драго што веќе имаме бројни реализирани проекти, а имаме и бројни во најава, сакаме повторно да направиме инфраструктурен бум тука во општина Крушево со цел она што го кажа и кандидатот за градоначалник и иден градоначалник, а тоа е да може економски да се развива општината, изјави Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

„Можам да најавам дека преку ЈПДП ќе имаме 4 големи проекти. Едниот е целосна рехабилитација на патниот пат од Кривогаштани до Крушево, практично патот по кој се доаѓа од Прилеп кон Крушево. Вториот е рехабилитација на регионалниот пат кој оди од Долно Сладуево до Крушево во должина од 20км, односно делот кога се доаѓа од страна на Демир Хисар кон Крушево. Третиот е целосно асфалтирање и рехабилитација на патот од Пуста Река во општина Крушево, до село Цер во општина Кичево. Четврто е санација на делницата која што оди од Прилеп кон Крушево, покрај Славеј, во должина од 920 метри. Ова се работи кои ќе ги работи ЈПДП, што практично ќе значи дека двата влеза кои ќе ги има градот ќе бидат целосно рехабилитирани, целосно современи како полесно би се доаѓало во градот.

Дополнително на тоа, преку соработката која ја имаме со Светска Банка веќе инвестираме пола милион евра во Крушево, тоа е проект кој го работи Министерството за транспорт заедно со Светска Банка, а тоа се улиците Коча Миленку и Манчу Матак, таму проектот привршува, очекувам следната недела веќе да поставиме хоризонтална и вертикална сигнализација и да бидат пуштени во употреба, што многу ќе значи за жители кои гравитираат кон овие две улици.

Од првиот повик тука е реконструкцијата на општинскиот пат од село Врбоец до Свето Митрани и реконструкцијата и доградбата на кракот 1 од село Јакреново во рамки на општина Крушево. Од вториот повик со идниот градоначалник ќе реализираме пристапна улица до ски терените во Крушево што многу ќе помогне за развој на туризмот и подобрување на ски сезоната, а исто така и обиколница која со години и децении е ветувана, а никој не ја реализирал. Првата фаза е во вредност од 1 милион евра, заедно со идниот градоначалник ќе ја реализираме. Секако стоиме на располагање и за сите други проекти кои можеме да ги работиме заеднички, можам да најавам дека преку министерството за спорт ќе се работи и веќе тендерот е во тек на изградба на мултифункционална спортска сала, каква што на градот му недостасува, за жал во моментот нема. Основна намена на таа спортска сала ќе биде да таа се користи за подготовка на националните репрезентации во различни спортови, а тоа ќе значи и повеќе прилив во делот на туризмот во Крушево, затоа што нашите спортисти ќе доаѓаат тука, ќе се подготвуваат и ќе ги користат локалните капацитети.

Со градоначалникот ќе работиме и на бројки проекти кои следуваат во следниот период, јас сум убеден дека ќе има голема победа во недела, дека ќе се случат промените конечно и тука во Крушево, како што минатата година се случија на ниво на држава и дека ова владеење на СДСМ и ДУИ ќе добие точка и тука во Крушево и дека заеднички ќе ја развиваме општината“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми