Мултиталентираниот музичар Филип Јездиќ го претстави своето најново музичко остварување песната „An Echo of a Dark Melody“, придружена со видеоспот во кој вокалите ги изведува Серафим. Песната ја потпишува самиот Јездиќ – музика, текст, аранжман и изведба на сите инструменти: гитари, бас, клавијатури и тапани.
Продукцијата, миксот и мастерингот се дело на Томе Темелкоски, додека камерата и монтажата на видеото ги реализирал Јосиф Трајкоски.
Во реализацијата учествувале и Горан Тренчевски, Наташа Ачански и учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп, на кои Филип им упатува посебна благодарност.