ВИДЕО – Нов штрајк во Терминал Прилеп, вработените 7 месеци немаат плата

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Осумте вработени во „Царински терминал“ од Прилеп кој што е под капата и е основан од ЈКП „Комуналец“ денеска излегоа повторно на штрајк затоа што немаат земено плата цели 7 месеци. Како нивна поддршка денеска ги посетија претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов како и претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски, каде тие како вработени членуваат. Проблемот со Терминалот се провлекува веќе со години, но никако да се најде решение.


„Вработените во Терминалот не може да ги отплаќаат долговите на претходните директори и заради присилни извршувања да не можат да добијат плата повеќе од 7 месеци и да не можат да си ги овозможат најнеопходните услови за живот. Штрајкот е акктивиран после неколку месеци, луѓето се борат цели 7 месеци со оваа состојба и решија дека нема да ги извршуваат своите работни обврски и ќе бидат во трајк се додека не им се исплатат заостанатите плати. Општината да си ја преземе одговорноста, градоначалникот како татко на градот, а исто и ЈКП Комуналец како нивни основач“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

 

„Во членот 11 стои дека секоја добивка му припаѓа на основачот и секоја загуба му припаѓа на основачот. Затоа треба Комуналец како основач на ова Друштво со моментално само 8 вработени да ги покрие загубите кои се направени од претходните раководства, да им ги исплати сите 7 заостанати плати и да го исплати здравственото осигурување, за жал вработени се оставени 7 месеци и без здравствено осигурување“, додаде Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.

Досега имаше 2 предупредувачки штрајка, ова е трет, вработените апелираат под итно да се најде решение за нивниот проблем.

„Се работи за малку вработени, само 8, не е некој голем проблем, доколку има слух кај надлежните проблемот може да се реши. И овие вработени да се обештетат за месеците за кои немаат земено плата“, истакна Пеце Игески, претставник на синдикатот во ЈКП „Комуналец“.

Доколку не се реши нивниот проблем вработените најавија стапување во целосен штрајк и комплетна блокада на ова јавно претпријатие.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми