
Од утринава повторно гори депонијата Алинци кај Прилеп. Ова е втор поголем пожар за само 2 месеци. За првиот пожар кој што се случи на депонијата во месец јануари од ЈКП Комуналец тогаш истакнаа дека тој е подметнат, но до денес сторителот не е пронајден. Која е причината за денешниот пожар се уште не се знае, се очекуваат повеќе детали од прилепски Комуналец во текот на денот. Доколку пожарот е повторно подметнат, останува нејасно кој и што сака да добие со овие пожари кои го загадуваат цел Прилеп веќе со месеци.