ВИДЕО – Од четврток до недела во Прилеп се одржува 10-от по ред меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во знак и сеќавање на нашиот сограѓанин Миле Нешковски, кој за жал прерано нѐ напушти, ќе се одржи 10-от по ред меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“. Турнирот ќе се одржува од 21-ви четврток, па се до 24-ти во недела, кога ќе бидат и финалните натпревари. Оваа година ќе настапат 6 екипи кои ќе бидат поделени во 2 групи. Во првата група ќе настапат: покрај домаќинот, ракометниот клуб „Прилеп“, РК „Бутел“ и РК „Тиквеш“. Во втората група ќе настапат пак РК „Црвена Ѕвезда“ кој доаѓа од Белград, втора екипа ќе биде РК „Пролет“ и трета екипа РК „Еурофарм Пелистер 2“.

Натпреварите ќе започнат од четврток и ќе траат до недела. Агендата е следна, во четврток во 15:30 часот имаме положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски пред универзалната сала. По свеченото отворање започнуваме со натпреварите во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Првиот натпревар започнува во 18:00 часот помеѓу РК „Пролет“ и РК „Еурофарм Пелистер 2“. Вториот натпревар се игра од 20:00 часот помеѓу екипите РК „Прилеп“ и РК „Бутел“. Во петок, 22.08. во 18 часот играат екипите на „Црвена Ѕвезда“ и „Еурофарм Пелистер 2“, додека во 20:00 часот игра домаќинот РК „Прилеп“ и екипата на РК „Тиквеш“. Во сабота на 23.08. во 18 часот играат екипите на РК „Црвена Ѕвезда“ и РК „Пролет“, додека во 20:00 часот играат екипите на РК „Тиквеш“ и РК „Бутел“. По одигрувањето на натпреварите во групи, првото место игра финален натпревар, второто место играат за 3 место, додека последната екипа игра за 5 место. Натпреварите за во недела на 24.08. се следни: за разигрување на 5 место е во 15 часот, за 3 место во 17 часот и финалниот натпревар е во 20 часот“, истакна Рубинчо Седлоски, Организационен одбор на турнирот.

Никола Чадамов од РК „Прилеп“ истакна дека пред се се заблагодаруваат на сите спознори и поддржувачи на овој турнир без кој не е возможно да се организира еден турнир од овој ранг. Упати и благодарност до Министерството за спорт кое финансиски го поддржува овој турнир, локалната самоуправа на Прилеп, како и генералниот спонзор на РК „Прилеп“, „Конфи Ангел“.

Оваа година имаме и една новина, во соработка со Министерството за спорт успеавме да обезбедиме професионална ракометна подлога за време на одржување на овој турнир, што значи многу попрофесионални и подобри услови за игра на играчите и сите инволвирани, така да овој турнир од година во година сѐ повеќе расте. Ние како клуб и организационен одбор на турнирот се трудиме секоја година да го подигнеме нивото, оваа година ќе имаме релативно силен турнир каде сите екипи се изедначени и сите екипи ќе се бориме за плеј офф во Македонската супер лига, која е доста силна, така да очекувам фер и коректен турнир, спортска борба и одлична организација. Тука имаме 5 македонски екипи од кои „Бутел“ и „Тиквеш“ лани завршија на 5 и 6 место на табелата и играат плеј офф годинава, ќе играат и во Европа. Ја имаме „Црвена Ѕвезда“ која заврши на 4 или 5 место во српската лига, ги имаме „Тинекс“ и „Еурофарм Пелистер 2“, кои заедно со РК „Прилеп“ секоја година се борат за место во плеј оффот, така да имаме еден изедначен турнир со добар квалитет, затоа што и целта на турнирот е таа, екипите пред сѐ од Македонија да се воиграат пред почетокот на првенството. Реално не сме размислувале за награден фонд на турнирот, затоа што целта е воигрување и спремање на екипите за првенството, самата организација значи финансиски предизвик, а награден фонд би било и дополнително оптоварување за организација на тој турнир“, кажа Чадамов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми