
ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп уште еднаш докажа дека станува збор за училиште од европски калибар. Покрај најубавиот училишен двор, оваа образовна установа сега ги доби и најубавите училници не само во нашиот град туку и во Македонија.
„Вакви училници бевме навикнати да гледаме само во американските тинејџерски филмови и ТВ серии …. тоа некогаш беше сон на секого, да учиме во услови како во Америка… Тој сон е остварен за новите генерации во ООУ “Климент Охридски” Прилеп“, напиша на својот ФБ профил, директорот Ахил Јаков.
За да го погледнете видеото кликнете ТУКА!