Цената на јагнето годинава се движи се од 270 до 280 денари, од бараните 300 денари за килограм од страна на земјоделците. Сточарите велат дека не се задоволни со цена под 5 евра за килограм, но сепак годинава задоволително можеле да се покријат. Како предност плус за македонските сточари е и тоа што во моментов на пазарите во странство се барало поголемо јагне, со окоу 25 до 30 кг. тежина, токму како оние кои ги има во моментов кај нас. Но сепак за развој и зголемување на сточниот фонд требало повисоки откупни цени.
„Сточарството е скроз на изумирање. Ако не се достигнеше оваа цена годинава некако од 270 до 280 денари да биде, скроз ќе заврши сточарството. Субвенции немаме добиено за 2025, за овците по грло кои што се 3.000 денари, се уште не се исплатени. Викаат земени биле налозите и однесени во трезорот, еве се уште чекаме и нема ништо. Ние како сточари не можеме да издржиме“, истакна Марјан Стојаноски, сточар и откувач на јагниња од с. Новоселани.
Сточарите се жалат дека секоја година има се помалку јагниња во Македонија, субвенциите за 2025 уште не им биле исплатени, а пазарот секоја година бил неизвесен. Бараат поголема заштита од државата.
„Кој ќе чува од младите, никој не чува, никој не сака, тоа е завршено во Македонија некој млад да чува стока. Никој не сака ниту да ги погледне. А ако ја кренат цената јагнето да биди платено како што треба секој ќе се залажи да чува стока. Млекото 1 евро од овците лани се плаќаше, годинава не знам. Јас да седам да молзам за 55 литро, подобро ќе го иструрам на кучињата. Она што го купуваме ние прашакот во продавници што велат дека е млеко чини 100 денари, а ова природно чисто 55 денари“, додаде Венче Аврамоски, сточар од с. Сарандиново.
Досега биле откупени околу 80% од јагнињата во Македнија, и целиот откуп оди за извоз.